Превлака

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Превлака — тесно парче земја што поврзува две поголеми копнени пространства кои се инаку одделени и опкружени со вода. Воопштено, превлаката е копнен теснец помеѓу две водни пространства[1].

Во географската терминологија на дијалектите на македонскиот јазик превлака означува место меѓу две реки[2], па од таа споредба географски терминот превлака се однесува на (потесно) копно помеѓу две водни пространства.

Најпознати превлаки во светот се Панамската и Суецката превлака, додека во Македонија превлака постои на разделот помеѓу Големото и Малото Преспанско Езеро, која е создавана од дејството на ветровите и песочниот нанос од Стара Река (Германска)[3].

Каналите често се градат низ превлаките, поради особената поволност на кратење на поморскиот сообраќај. Така на пример Панамскиот и Суецкиот Канал се изградени на истоимените превлаки кои ги одвојуваат Атлантскиот и Тихиот Океан и Средоземното и Црвеното Море. Поради оваа особина, превлаките се од особено значење во геополитиката и геостратегијата, што говори за посебниот статус кој го имаат или имале овие места со контрола на странските држави кои се големи светски сили.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Isthmus“. http://www.britannica.com/EBchecked/topic/297042/isthmus. посет. 22 септември 2013 г. 
  2. Видоески, Божидар (1999) (на македонски). Географската терминологија во дијалектите на македонскиот јазик. Скопје: МАНУ. стр. 118. ISBN 9989-649-64-2. 
  3. Јоновски, Кирил Ј. (2002). Преспа - историска енигма. Скопје. стр. 14.