Првото јунаштво

Од Википедија — слободната енциклопедија

Првото јунаштво (српски: Прво јунаштво) е српска епска (јуначка) песна за Крале Марко.

Содржина[уреди | уреди извор]

Во песната се опишува како Крале Марко и татко му јаваат низ шумата. Притоа, тој се насмевнува, а татко му го прашува, дали му се смее нему. Марко одговара дека се присетил кога имал 16 години и кога одел да го поткова неговиот коњ Шарец, кој тогаш имал три години. Кога бил во полето, Марко го сретнал пашата од Едрене со 60 војници, како со себе води 30 заробени девојки. Девојките го замолиле Марко да ги ослободи, а тој му понудил на пашата седум товари богатство за да ги ослободи. Тогаш, пашата се налутил и неколкупати го удрил Марка, а тој, бидејќи немал никакво оружје при себе, ја зел потковицата на Шарец и со неа го убил пашата, а неговите војници се разбегале по полето. Тогаш, Марко ги ослободил девојките и ги пуштил да одат на 30 страни за да кажуваат дека направил големо јунаштво без никакво оружје.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Junačke narodne pesme, Rad, Beograd, 1959, стр. 67-69.