Правна држава

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Концептот во данската варијанта (Retsstat), како што е илустрирано во пропагандата на Партијата на правдата, 1939 година.

Правна држава или Rechtsstaat (буквално „правна држава“) е доктрина во континенталното европско право, која потекнува од германската судска пракса. Може да се преведе на англиски како rule of law или буквално „владеење на правото“, алтернативно „правна држава“, „држава на правдата“ или „држава заснована на правда и интегритет“.[1]

Rechtsstaat е „уставна држава“ во која извршувањето на владината моќ е ограничено со закон.[2] Поимот е тесно поврзан со „уставноста“, додека честопати е врзан за англо-американскиот концепт на владеење на правото, но она што ги разликува двата поими е нагласокот на што е праведно (т.е. концепт на морална исправност заснован на етиката, рационалноста, законот, природното право, религијата или правичноста). Така, тоа е спротивно на Obrigkeitsstaat или Nichtrechtsstaat (држава заснована на произволна употреба на моќ),[3] и на Unrechtsstaat.[4]

Во Rechtsstaat, моќта на државата е ограничена со цел да се заштитат граѓаните од произволно вршење на овластувањето. Граѓаните споделуваат законски засновани граѓански слободи и можат да ги користат судовите. Во континенталната европска правна мисла, правната дражва стои наспроти полициската држава и État légal.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The word also occurs, with the same meaning, in Dutch.
  2. Carl Schmitt, The Concept of the Political, ch. 7; Crisis of Parliamentary Democracy
  3. The Legal Doctrines of the Rule of Law and the Legal State (Rechtsstaat). Editors: Silkenat, James R., Hickey Jr., James E., Barenboim, Peter D. (Eds.), Springer, 2014
  4. Gerd Roellecke (15 June 2009). „War die DDR ein Unrechtsstaat?“. FAZ.net. Посетено на 2 July 2009.
  5. Mockle, Daniel (1994). „L'État de droit et la théorie de la rule of law“. Les Cahiers de droit. 35: 823–904. doi:10.7202/043305ar.