Поштарот (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Поштарот“
РежисерКевин Костнер
ПродуцентКевин Костнер
Стив Тиш
Џим Вилсон
НастапуваатКевин Костнер
Вил Патон
Ларенз Тејт
Оливија Вилијамс
Џејмс Русо
Том Пети
МузикаЏејмс Њутон Хауард
КинематографијаСтивен Виндон
МонтажаПитер Бојл
СтудиоTig Productions
ДистрибутерWarner Bros. Pictures
Премиера25 декември 1997 (1997-12-25)
Времетраење177 минути[1]
Држава САД
ЈазикАнглиски јазик
Буџет$80 милиони
Бруто заработка$17.6 милони

Поштарот - американски филм, во режија на Кевин Костнер. Главните улоги ги играат: Кевин Костнер, Вил Патон и Ларенз Тејт.

Содржина[уреди | уреди извор]

Дејството на филмот се одвива во постапокалиптичната Америка, каде се појавува човек во униформа на поштар, кој на луѓето им ги разнесува пратките од времето пред катастрофата.[2]

Филмски критики[уреди | уреди извор]

Поштарот добил многу негативни реценции од критичарите.

Стефан Холден од The New York Times го критикувал филмот поради "лажната сентименталност" и "претераниот џингоизам".[3] Роџер Иберт го опишал Поштарот како "филм со добро срце" но "прост... и претенциозен".[4]

Според агрегаторот Rotten Tomatoes, 3 од 32 филмски критичари филмот го оцениле со позитивен извештај, со "Rotten" резултат од 9% и просечен рејтинг од 3.8/10. Metacritic го оценил филмот со 29/100 базирано на 14 рецензии.

Заработка[уреди | уреди извор]

Филмот доживеал тотален неуспех во киносалите. Во првите четири дена од прикажувањето филмот заработил само 5.3 милиони долари од вкупно 2,207 проекции.[5] Буџетот на филмот изнесувал 80 милиони долари, но вкупната заработка изнесувала помалку од 18 милиони долари.[6]

Филмот бил издаден во VHS и DVD на 9 јуни 1998, и на Blu-ray диск на 8 септември 2009.

Награди и номинации[уреди | уреди извор]

Награда Вид Номинација за Исход
Награда Сатурн Најдобар научно-фантастичен филм Номинирана
Најдобар актер во споредна улога Вил Патон Номинирана
Најдобар актер во главна улога Кевин Костнер Номинирана
Награда Златна малина Најлош актер во главна улога Победничка
Најлош режисер Победничка
Најлош филм Кевин Костнер Стив Тиш, и Џим Вилсон Победничка
Најлошо сценарио Ерик Рот и Брајан Хелгеланд, базирано на истоимениот роман Победничка
Најлоша оригинална песна Целиот саундтрак Победничка

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. THE POSTMAN (15)“. Warner Bros. British Board of Film Classification. January 16, 1998. конс. August 31, 2013. 
  2. „Поштарот“, Антена, број 893, 7.8.2015, стр. 25.
  3. Holden, Stephen. „Movie Review: The Postman – Neither Snow, Nor Rain, Nor Descent to Anarchy...“, „The New York Times“, 24 декември 1997 (посет. 3 август 2007 г).
  4. Ebert, Roger. „The Postman“, „Chicago Sun-Times“, 25 декември 1997 (посет. 3 август 2007 г).
  5. 'Titanic's' Voyage Is Steaming Ahead“, „Los Angeles Times“ (посет. 3 јуни 2012 г).
  6. „The Postman (1997)“. Box Office Mojo. January 23, 1998. конс. January 27, 2010. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]