Поскура

Поскура, просфора[1][2] или панагија[3][4] — обредно лепче од квасено пресно тесто, симбол на Телото Христово, што служи за причестување во православната црква[5].
Подготовка на поскура
[уреди | уреди извор]Има повеќе начини за подготовка на поскура, ерусалимски, светогорски, а може да се разликува и од манастир до манастир[6].
Подготовка според Македонската православна црква[7]
[уреди | уреди извор]За време на правењето на просфората тој што ја прави треба да се моли со Исусовата молитва.
Состојки
[уреди | уреди извор]Подготовка
[уреди | уреди извор]Квасецот се раствора во половина шолја млака вода, исто како при месење на обичен леб. Во длабок сад се става брашното и во него се прави мала дупка за солта. Убаво се меша со брашното и се додава растворениот квасец. Полека се додава преостанатата вода, а потоа се меси подолго време така што да биде доволно цврсто.
Начин на обликување
[уреди | уреди извор]
За обликување на поскурата неопходен е печат.
Тестото се дели на 5 еднакви дела и од секој дел се прави по една поскура. Се размесува топката тесто, се посолува брашно на местото каде што се меси и потоа со сучење низ дланките се извлекува нагоре. Потоа тестото се истенчува на половината со сучење со малите прсти и се добиваат две споени, но посебни половини. Со внатрешниот дел од дланката овие половини се сплескуваат во форма на диск со што поправилна кружна форма. Потоа се превртува поскурата и се измазнува долниот дел, повторно се посолува брашно, се превртува поскурата, се мазни горната површина со дланката и внимателно се удира печатот.
Печење
[уреди | уреди извор]Во посебен плех посипан со малку брашно се редат поскурите и се печат во претходно загреана рерна, на 150оС околу еден час.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „просфора“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „просфора“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „панагија“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „панагија“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Поскура на Дигиталниот речник на македонскиот јазик
- ↑ Подготовка на просфора Архивирано на 22 април 2017 г. на семрежното место на манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук
- ↑ Просфора на семрежното место на Македонската православна црква