Портрет на млада жена

Од Википедија — слободната енциклопедија
Портрет на млада жена
Творец Јоханес Вермер
Година околу 1665-1667[1]
Димензии 44,5 см × 40 см
Место Музеј Метрополитен, Њујорк

Портрет на млада жена (исто така позната како Студија на млада жена или Девојка со превез) [2] [3] — слика на холандскиот уметник Јоханес Вермер, завршена помеѓу 1665 и 1667 година, која сега се наоѓа во Уметничкиот музеј Метрополитен, Њујорк.

Сликата е насликана во исто време со попознатата Девојка со бисерна обетка и има речиси идентична големина.[2] Поради ова и нејзината блискост во тонот и композицијата, понекогаш се смета дека е или варијанта или пандан на Девојка со бисерна обетка.[4] Девојките на двете слики носат бисерни обетки, имаат марами префрлени преку рамениците и се прикажани пред обична црна позадина.[5] Дополнително, се сугерирало (иако и тоа исто така е широко оспорувано) дека создавањето на двете дела вклучува употреба на некој оптички уред, како што е камера опскура[6] или огледало, како што шпекулира Хокни-Фалкоовата теза.[7]

Опис[уреди | уреди извор]

Девојката што седи е прикажана со лице - широко и рамно - со мал нос и тенки усни на релативно голема глава.[8] Недостатокот на идеализирана убавина довело до општо верување дека ова дело е насликано по нарачка,[6] иако е можно модел да била ќерка на Вермер.[3] Уметникот веројатно користел жив модел, но, како и кај Девојка со бисерна обетка, не го создал делото како портрет, туку како трони, холандски збор што значи „лице“ или „израз“. Сликата од 17 век е ценета поради нејзините „невообичаени костими, интригантни физиономии, сугестија на личноста и демонстрација на уметничка вештина“. [1] Сликата го поттикнува гледачот да биде љубопитен за мислите, чувствата или карактерот на младата жена, нешто типично за многу слики на Вермер.

Девојка со бисерна обетка и Портрет на млада жена се невообичаени за Вермер по тоа што им недостасува вообичаената богата позадина. Наместо тоа, девојките се врамени со позадина со длабока црна боја. Се чини дека овој изолирачки ефект ја зголемува нивната ранливост и навидум желба да му дадат доверба на гледачот. Во 1994 година, историчарот на уметност Едвард Сноу напишал дека „Портрет на млада жена“ ја пренесува „желбата за убавина и совршенство во љубезно прифаќање на она што е погрешно“.[3]

Сопственост и изложби[уреди | уреди извор]

Сликата можеби била во сопственост на Питер Клаес ван Руивен од Делфт пред 1674 година, потоа на неговата вдовица, Марија де Кнуијт од Делфт, до 1681 година; потоа на нивната ќерка, Магдалена ван Рујвен, до 1682 година, па на нејзиниот вдовец, Џејкоб Дисиус, до 1695 година. Се смета дека сликата била дел од продажбата на Дисиус на 16 мај 1696 година (бр. 38, 39 или 40).[9] Веројатно тогаш му припаѓала на д-р Лухтманс, кој ја продал во Ротердам како дел од продажбата од 20-22 април 1816 година (бр. 92) [9] за 3 холандски гулдени (околу 30 грама сребро), дури и тогаш за ниска цена.[10] Принцот Огист Мари Рејмонд д'Аренберг од Брисел, ја поседувал сликата до 1829 година, а таа останала во неговото семејство, во Брисел и Шлос Мепен, од 1833 до почетокот на 1950-тите.[9] Во 1959 година (или 1955 година, според друг извор), [9] бил купена на приватна продажба од принцот д'Аренберг од г-дин Чарлс Рајтсман и г. Џејн Рајтсман од Њујорк за сума проценета на околу 125.000 фунти.[10] Во 1979 година, Рајтсман ја донирале сликата на Музејот на уметност Метрополитен во спомен на кустосот Теодор Русо Џуниор.[11]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Study of a Young Woman“. Metropolitan Museum of Art website. Посетено на 10 October 2018.
  2. 2,0 2,1 Liedtke 2007.
  3. 3,0 3,1 3,2 Snow 1994.
  4. „National Gallery of Art, Pendant painting“. Архивирано од изворникот на 24 November 2010. Посетено на March 24, 2010.
  5. Liedtke 2001.
  6. 6,0 6,1 Bonafoux 1992.
  7. „The Hockney-Falco Thesis: Constraints and Opportunities“. doi:10.1163/1573382054088141. Наводот journal бара |journal= (help)
  8. Wheelock 1997.
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 Liedtke, Plomp & Rüger 2001.
  10. 10,0 10,1 Reitlinger, Gerald; The Economics of Taste, Vol I: The Rise and Fall of Picture Prices 1760–1960. 484. Barrie and Rockliffe, London, 1961
  11. „Study of a Young Woman, probably ca. 1665–67“. Metropolitan Museum of Art. Посетено на 17 May 2009.

Извори[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]