Камера опскура

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Камера опскура е оптичка направа која порано се користела како помагало за цртање, а исто така претставува пронајдок кој допринесе за откривање на фотографијата. Денешните фотоапарати понекогаш се викаат камери баш поради сличноста со оваа направа.

Камера опскура во минатото[уреди | уреди извор]

Оптичките појави отсекогаш постоеле, но биле толкувани на различни начини. Во најраните времиња на човековата историја, за нивното дејствување, биле поврзувани со таинствени, мистериозни сили. Описите на манифестација на светлината како природна појава, чие потекло може до некаде да се објасни, за првпат се појавуваат во Кина, а потоа во Индија и во Египет.

Некои светлосни феномени се пратени со очите на набљудувач, односно со непосредно набљудување, но тоа не било секогаш можно.

Постоеле феномени кои не можеле да се пратат без посредник, на пример помрачувањето на сонцето. Еден таков посредник била темната соба (лат. camera obscura). 350 години пред нашата ера во Платоновата држава, опишана е пештера на чии ѕидови, благодарејќи на еден отвор кој пропушта светлина, се појавуваат интересни игри на сенките. Таквиот принцип на светлосна проекција бил познат и на други мислители во стариот век. Подоцна, Аристотел воочил и во својата Физика опишал еден сличен феномен: „Тој го набљудувал полумесечниот облик на делумно помраченото сонце, кое се проектирало на земјата низ дупчињата на ситото или низ проредите на листовите во сенката на дрвото. Исто така приметил дека сликата станува поостра, колку што отворот е помал.“

При археолошките ископувања во Кина откриена е насликана керамида на која е претставена далечна перспектива, а насликаните човечки фигури со препознатливи ликови, многу потсетувале на фотографии. Очигледната сличност со фотографијата, не наведува на заклучок дека тие слики настанале во комбинација со некој едноставен облик на камера опскура. Таквата претпоставка ја наоѓа својата потврда и на страниците на историската наука. Пред две ипол илјади години, во најстарите индијски споменици од времето на Веда (5. век пред нашата ера) забележан е опис на затемнета соба со мал отвор на едната страна, кој е насочен према сончевата страна. Сличен на тоа е и описот, кој го оставил кинескиот филозоф на материјалистичката ориентација, Мо Цу. Тој го опишал формирањето на превртената слика, односно феноменот кој се појавува кога светлината поминува низ отвор со големина на игла и формира проекција на надворешниот простор. Сите тие откритија би паднале во заборав, заедно со Аристотеловите пергаменти, ако античките знаења, со посредство на Арапите, не оживееа повторно во Европа при крајот на Средниот век, а особено во периодот на раната ренесанса .

Камера опскура денес[уреди | уреди извор]

Фасцинирани од овој необичен феномен, голем број луѓе сакајќи да видат како изгледа тоа, самите си направиле темна соба. Тоа го постигнале со тоа што, во една соба од секаде каде што влегува светлина (прозорци, врати) ја залепиле со материјал кој што не пропушта светлина. Потоа направиле еден сосема мал отвор, низ кој што светлината што влегувала, на ѕидот кој бил спроти отворот создала проекција на објектот кој се наоѓал надвор, односно објектот што се наоѓал надвор се појавил на ѕидот наопаку.

Следната ноќ, 50 лидери на црнечката заедница, на чело со дотогаш релативно непознатиот свештеник Мартин Лутер Кинг, се состануваат за да расправаат околу соодветните дејствија што треба да бидат преземени во врска со апсењето на Роза Паркс. Она што е усогласено било Бојкотот на автобусите во Монтгомери. Целата црнечка заедница цели 381 ден ги бојкотирала јавните автобуси. Десетици јавни автобуси стоеле со месеци без работа сè додека законот со кој се легализирала сегрегацијата во јавните автобуси не бил укинат. Овој настан помогнал за ширењето на многу други протести против сегрегацијата, а во 1956 случајот на Паркс конечно стигнал пред Врховниот суд кој одлучил дека сегрегираното возење со автобус е неуставно.

По овој настан, Паркс станува икона на движењето за граѓански права. Во раните 60-ти се преселува во Детроит, каде што работеше во штабот на претставникот Џон Кониерс (демократ од Мичиген) од 1965 до 1988.