Портал:Транспорт/Избрана статија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Логото на ЈСП Скопје
Логото на ЈСП Скопје

Јавното Сообраќајно Претпријатие „Скопје“ (скратено ЈСП Скопје или само ЈСП) е претпријатие за јавен превоз во Скопје, главно во таа дејност во градот, а и најголемото во Република Македонија со 70 милиони патници превезени во 2006 год. и 1400 вработени. Во рамките на препријатието спаѓа и подружницата ЈСП Турс, кое е препријатие за туристички и меѓуградски превоз.

Пред основањето на ова препријатие, автобускиот превоз во Скопје бил најпрвин во рацете на приватни сопственици на поединечни автобуси (1920-ти), а од 1934 било формирано поголемото Вардарско автобуско претпријатие (ВАП).

Јсп СКОПЈЕ е основано по решение на Извршниот народен одбор на град Скопје од 1947 на 17 јануари 1948 како „Градско сообраќајно претпријатие“. Работата започнала со седум автобуси и од марката ГАС и 15 возачи. Во првата година на работење биле превезени 375,000 патници. Прочитајте повеќе