Портал:Стара скопска чаршија/Историја

Од Википедија — слободната енциклопедија

Историјата на Старата скопска чаршија го опфаќа периодот од постоењето на првите населби на нејзината територија, преку почетоците на нејзиното настанување, нејзиниот понатамошен развој, па сè до неодамнешните случувања.

Просторот во околината на Старата скопска чаршија и на Скопското кале бил населен уште 4.000 години п.н.е., а за тоа сведочат археолошките пронајдоци ископани на Скопското кале. Голем развој бил постигнат за време на римското владеење со ргадот Скупи, кога започнале да се градат храмови, театри и други знаменити градби. Своите почетоци како трговски центар, чаршијата ги имала во времето на визнтиското владеење со градот во 11. век, кога управата на манастирот „Св. Ѓорѓи Горгос Скоропостижник“ организирала годишен панаѓур. Во следниот период, просторот започнал забрзано да се развива како трговски центар, а за тоа голем придонес имале и трговците од Дубровник и Венеција. Прочитајте повеќе