Портал:Спорт/Избрана статија/2010/октомври

Од Википедија — слободната енциклопедија

Машка кошаркарска репрезентација на Македонија — спортска репрезентација којашто ја претставува Македонија во кошарка во машка конкуренција.

Репрезентацијата е под покровителство на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) и е членка на ФИБА од 1993 година. Најголем успех на репрезентацијата е учеството на Европското првенство во кошарка во 2009 година во Полска, каде Македонија го зазеде 9. место. Во август 2010 година, во квалификациите за Европското првенство во кошарка во 2011, кое ќе се одржи во Литванија, Македонија го обезбеди своето трето и второ последователно учество на континенталниот собир. Прочитајте повеќе