Портал:Религија/Избрана статија/2011/ноември
Исламската историја ја вклучува историјата на исламската вера како религија и општествена институција. Според исламот, погрешно е да се каже дека историјата на исламот во Арабија започнала со муслиманскиот пророк Мухамед во 7 век. Според исламската вера и Светиот текст, исламската историја започнува со Адам и Ева. Тие се сметаат за први апостоли на Бог. Подоцна, многу пророци како Аврам, Мојсеј, Исус, се предавале на истата вера, макар и во различни региони или во различни точки на времето.
Како и повеќето светски религии, историската еволуцијата на исламот има значително влијание врз политичките, економските и воените географски области. Исламскиот историски развој има влијание и надвор од исламскиот свет. Еден век по смртта на Мухамед, исламска империја се простирала од Атлантскиот Океан на запад до Средна Азија на исток. Прочитајте повеќе