Портал:Музика/Избрана биографија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Фредерик Шопен (пол. Fryderyk (Franciszek) Chopin; фр. Frédéric (François) Chopin) (1 март, 1810, Желазова Вола – 17 октомври, 1849, Париз) бил полски композитор за пијано од добата на романтизмот. Се смета за еден од најголемите композитори за пијано на сите времиња.

Шопен се родил во селото Желазова Вола во Варшавското војводство. Мајка му била полка, а татко му француски иселеник. Во татковината го сметале за чудо од дете, но тој ја напуштил Полска на 20 годишна возраст и никогаш повеќе не се вратил. Подоцна во Париз создал кариера како изведувач, учител и композитор и ја прифатил француската варијанта на неговото име „Фредерик-Франсоа“. Од 1837 до 1847 бил во бурна врска со француската писателка Жорж Санд. Секогаш бил со нежно и нарушено здравје, па на 39 годишна ворзаст се разболил од туберкулоза. Прочитајте повеќе