Портал:Ликовна уметност/Избрана статија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Гентскиот олтар или Поклонение на Таинствениот Агнец (холандски: Het Lam Gods или Агнецот) (завршен во 1432) е многу голема и сложена полиптична слика на дрвени табли во капелата Joost Vijdt во катедралата Св. Баво, Гент, Белгија. Била нарачана од богатиот трговец Јос Вијдт, а изработена од Хуберт и Јан ван Ејк.

Олтарната табла се состои од дванаесет табли во два реда, од кои осум се насликани од двете страни. На горниот ред од напред е претставен Христос Кралот опкружен од Дева Марија и Јован Крстителот. Внатрешноста на крилата содржи ангели кои пеат и прават музика, а надворешноста ги содржи Адам и Ева. На долниот дел на предната табла пак, прикажано е Поклонението на Агнецот, со ток на луѓе кои чекаат да се поклонат, кои се надгледувани од страна на гулабот кој го претставува Светиот Дух. Во делниците вратничките биле затворени, прикажувајќи го Благовештението на Марија и портретите на Јос Вијдт и неговата сопруга Лизбета Борлут. Прочитајте повеќе