Портал:Архитектура/Избрана градба/2010/април

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Holy sepulchre dome 9310.jpg

Базиликата на Светиот Гроб е назив за христијанската црква која се наоѓа во стариот дел на Ерусалим за која се смета дека е гробот на Исус Христос. Базиликата се наоѓа на брдото Голгота, местото каде според Новиот Завет бил распнат на крст Исус Христос и се верува дека таму било и местото каде што Исус Христос бил погребан (светиот гроб). Црквата е важна дестинација за аџиите уште од 4 век, бидејќи се смета за местото на смртта и воскресението на Исус. Таа се состои од комплекс од различни градби, изградени околу и врз останките на црква која цар Константин I Велики заповедал да биде изградена во 4 век. Денеска, во оваа црква се наоѓа седиштето на грчкиот православен патријарх на Ерусалим, а контролата врз објектот е распределена помеѓу неколку христијански цркви и секуларни ентитети, регулирана со сложени согласности и договори кои се во суштина непроменети со векови. Прочитајте повеќе