Полк Азов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ознака на единицата од 11 август 2015 г.

Полкот Азов, официјално Посебен одред за специјални намени „Азов“ (на украински: Окремий загін спеціального призначення «Азов») е дел од Националната гарда на Украина, која е во рамките на украинското Министерство за внатрешни работи. Одредот бил формиран на 5 мај 2014 година за време на Украинската криза како доброволен баталјон „Азов“, под команда на Андреј Билецки.[1] Единицата во октомври 2014 година броела околу 800 припадници.[2]

Седиштето на единицата е во Мариупол, Донецка област, но бидејќи градот е под контрола на ДНР (иако де јуре Украина го смета за своја територија), привремено е сместена во селото Урзуф, близу Мариупол, како и во Бердјанск и во престолнината Киев. Нејзин тековен командир е Денис Прокопенко. Сегашната ознака на единицата се користи од август 2015 година и на неа е прикажен симболот „Идеја на нацијата“ (Ідея Нації), поврзан со германскиот симбол Волфсангел, претходно користен и во нацизмот.

Полкот Азов станал озлогласен по обвинувања за тортури и воени злосторства, како и поради симпатиите на нејзиното членство кон нацистичката идеологија.[3] Поради ова во 2018 година Конгресот на САД ја прекинал воената помош од донација на опрема, тренинг или било каква друга поддршка за единицата.[4] Единицата служела и за подлога за формирање на крајно-десничарската политичка партија во Украина, Национален корпус, во октомври 2016 година.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Командир полку «Азов» Андрій Білецький: Ті, хто проливає кров за Україну, повинні мати свій голос у владі“. УНІАН (украински). 11 октомври 2014. конс. 12 декември 2018. 
  2. „Полк "Азов" перепідпорядкують Нацгвардії“. Українські Новини (украински). 9 октомври 2014. конс. 12 декември 2018. 
  3. „Ukrainian unit accused of Neo-Nazi links wants Canada’s help“. Ottawa Citizen (англиски). 26 јуни 2015. конс. 12 декември 2018. 
  4. „Congress bans arms to Ukraine militia linked to neo-Nazis“. The Hill (англиски). 27 март 2018. конс. 12 декември 2018. 
  5. „Volunteer battalion Azov members and former members create National Corps political party“. Interfax Ukraine (англиски). 14 октомври 2018. конс. 12 декември 2018.