Плоштад Петко Славејков (Софија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Плоштад Петко Славејков
SlaveykovSquareSofia.JPG
Општи податоци
ГрадСофија
ЗемјаБугарија

Плоштадот Петко Славејков е плоштад кој се наоѓа во Софија, Бугарија.

Плоштадот во текот на 19 век бил познат како Кафене баши, главно поради големиот број на кафетерии кои постоеле таму во тоа време. Истото било разрушено во 1878 година. Следната 1879 година на ова место започнал да живее бугарскиот писател Петко Славејков, по кого е наречен и самиот плоштад.

Во текот на 1998 година, плоштадот бил реновиран. Денеска, на овој плоштад се наоѓаат голем број на тезги на кои се продава книги, а околу овој комплекс се наоѓаат голем број на продавници. Овде се наоѓа и градската библиотека.