Плодност (почва)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Во Република Македонија има повеќе различни видови почви како резултат на влијанието на природните фактори. Најзастапени почви се: делувијални, алувијални, смолници, црвеници, кафеави, песокливо-глинести, солени почви, црнозем, лесни, еолски, мочуришни калливи, хидроморфни почви и други.

Алувијални почви[уреди | уреди извор]

Алувијалните почви се формираат со таложење на ситен речен нанос околу речните корита во рамничарските простори. Богати се со хранливи материи и се мошне плодни. Погодни се за одгледување разни земјоделски култури. Во Република Македонија се најраспространети во рамниците на: Скопската, Гевгелиско-валандовската, Беровската, Кочанската, Пелагониската, Струмичко-радовишката, Охридско-струшката и други котлини.

Делувијални почви[уреди | уреди извор]

Делувијалните почви се формираат кај контактот на рамниците и планинските страни, како акумулирани ерозивни наноси. Поради слабата застапеност на хумус, тие се помалку плодни. Погодни се за овоштарски и за лозови насади. Најзастапени се по рамките на котлините: Полог, Пелагонија, Преспа, ичевската, Кочанската, Струмичко-Радовишката, Гевгелиско-Валандовската, Охридско-струшката и други котлини. Зафаќаат околу 130 000 хектари.

Смолници[уреди | уреди извор]

Смолници се почви кои имаат езерско потекло и затоа се мошне плодни. При голема влажност се лепливи. Погодни се за одгледување житни и индустриски култури, а со соодветно наводнување и за градинарски и за овошни култури. Најраспространети се во Овче Поле, Скопска и Кумановска Котлина, а нешто помалку во Пелагонија, во Тиквеш, во Славишко поле и на други места. Зафаќаат околу 80 000 хектари.

Црвеници[уреди | уреди извор]

Црвенеци се почви кои се формираат во простори со присуство на варовник. Се сметаат за средно плодни почви. Погодни се за одгледување тутун, винова лоза и житни растенија. Најраспространети се во: Пелагонија, Полог, Скопска Котлина, Тиквеш, Преспа и други места. Зафаќаат површина од околу 30 000 хектари.

Солени почви[уреди | уреди извор]

Солените почви се формираат со евапоризација на влажноста во земјата во сушни предели. Ги има во Овчеполската Котлина, Пелагонија и во некои други котлини, но и на мали повшрини. Тоа се почви сиромашни со хумус.