Пијанистка (роман)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Пијанистка (германски: Die Klavierspielerin) — роман на австриската писателка Елфриде Јелинек од 1983 година.

Осврт кон романот[уреди | уреди извор]

„Пијанистка“ е најпознатото дело на Јелинек во кое таа дава портрет на една жена распната меѓу репресивното општество и нејзините најдлабоки желби. Во оваа бескомпромисна книга се испреплетуваат насилството и сексуалноста, а описите се богати, набиени, прецизни и вознемирувачки. Тоа е книга за амбисот на современиот човек, кој не може да се соочи со своите најдлабоки страсти и се претвора во нивен роб. Студена и тажна, обележана со немоќта на човековата комуникација, книгата може да се чита и како осуда на современото општество во кое човекот се сведува на предмет.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 12.