Пештера Равништарка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пештера Равништарка
Пештерски накит
МестоРавниште, Кучево

Пештерата Равништарка — речна пештера која се наоѓа во атарот на селото Равниште, на околу 12 км од Кучево. Иако влезниот дел го посетил Јован Цвијиќ, уште во 1894 година, низ целата пештера прв пат поминале селските момчиња во 1980 година.[1]

Спаѓа во редот на поголемите пештери на територија на Србија. Главниот канал е долг 502 м, а вкупната должина на пештерските канали е 589 метри. Се наоѓа на надморска височина од 406 метри. Просечната температура во пештерата е 8 oС. Низ пештерата тече потокот Понорац кој извира два километри низводно во Бисина Пештера. Има само една сала, „Црн дворец“, долга 43 метри, широка 20 метри и висока 12 метри. Во пештерата посебно се истакнуваат: Шарец на Крале Марко, Главоњи и Лепа Равништарка, која воедно е и амблем на пештерата.[1]

За туристички посети комплетно е уредена во 2007 година.[1]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Пећина Равништарка“. tokucevo.org. ТО општине Кучево. Архивирано од изворникот на 2013-11-10. Посетено на 10.11.2013. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)