Пешачник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пешачник

Пешачник, плочник или тротоар (француски: trottoir) — пешачка патека долж една улица. Обично се прават од асфалт, цемент, тули, камен или гума. Во XIX век и раниот XX век, на некои места често можело да се најдат и пешачници од дрво. Ваквите пешачници можат сѐ уште да се најдат на крајбрежни места во облик на шеталишта. Кога е потребно да се даде привлечност на еден пешачник се користат камени плочи (плочник). На други места се користат претходно изработени цементни плочи кои се вградуваат во ископани леи. Пешачниците најчесто имаат рабници кои ги двојат од самата улица.

Изработка на пешачници[уреди | уреди извор]

Пешачниците најчесто се изработуваат од асфалт или цеменет. Додека постојат пешачници и од чакал, дрво, гума и други материјали, ваквите патеки не се нарекуваат пешачници. Тулите и каменот се исто така чести. Цементните пешачници се изработуваат од блокови за да им се даде простор да се шират и теснат без да се појавуваат пукнатини.

Тротоарот како мотив во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Џани Родари, Приказни по телефон. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993.
  2. YouTube, Marko Brecelj - Majmuni (пристапено на 22.3.2022)
  3. Discogs, Pavement (пристапено на 16.4.2021)