Петар бил ученик и следбеник на Теон Александриски. Некое време бил учител во прочуената филозофска школа на Ориген. На архиепископскиот престол стапил во 299 или 300 година, а починал во 311. Со црквата управувал во претешко време, кога над верните насилствувале однадвор неверниците, а однатре кривоверците. Во негово време во Александрија пострадале шестотини и седумдесет христијани. Често цели семесјтва биле изведувани на губилиште и погубувани. Во тоа време Ариј ги сматувал верните со своето криво учење.