Прејди на содржината

Петар Попиванов

Од Википедија — слободната енциклопедија

Петар Попиванов ( — 1923 во Бугарија ) — македонски револуционер.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

После извршениот деветојунски вооружен ноќен преврат изведен под директиви на Царот Борис III,[2] од страна на организацијата на офицерите "Воениот сојуз" со учество и на ВМРО Автономистичка предводена од Тодор Александров и Александар Протогеров,[3][4] четниците на Тодор Александров од полицијата имале дозвола кого сакаат да вадат од затвор, а при тоа ги ликвидирале на непознати места. Во издавањето на овие наредби главно учество земал зетот на Тодор Александров - Михаил Монев (кого Македонците го нарекувале „Црниот Монев“), тутунскиот трговец од Неврокоп Стојан Филипов, како и Анго Попов (наречен делибаша) кој бил назначен за пункотв началник на ВМРО (Автономистичка) за Пловдив.[1]

Во јуни 1923 година, по наредба на Тодор Александров и Александар Протогеров, од затворот во Неврокоп бил изваден Петар Попиванов, кој бил одведен на непознато место и бил убиен, бидејќи на царските автономисти[б 1] не им го признавал правото, да се служат со името ВМРО.[1]


  1. 1,0 1,1 1,2 Динев, Ангел (1983). Политичките убиства во Бугарија. Скопје: Култура-Скопје. стр. 334.
  2. Апостолски, Акад. Михаило; Митрев, Акад. Димитар (1969). Историја на македонскиот народ. Скопје: Институт за национална историја; Нова Македонија. стр. 182.
  3. Апостолски, Акад. Михаило; Митрев, Акад. Димитар (1969). Историја на македонскиот народ. Скопје: Институт за национална историја; Нова Македонија. стр. 183.
  4. РИСТИЋ, Иван (2019). Годишњак Педагошког факултета у Врању, књига IX, 2/2018 - „ПЕЋИНА РАЗБОЈНИКА И УЗУРПАТОРА…“: БУГАРСКА И БУГАРИ У СРПСКОЈ ЈАВНОСТИ (1923–1925) (PDF). стр. 127.


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>.