Перуќачко Езеро
Перуќачко Езеро Перућачко језеро Perućačko jezero | |
---|---|
Хидроцентралите Перуќац и Баина Башта | |
Подрачје | Перуќац српско-босанско-херцеговска граница |
Координати | 43°58′02″N 19°24′11″E / 43.967125° СГШ; 19.403006° ИГД |
Вид | вештачко езеро |
Главни приливи | Дрина |
Главни истеци | Дрина |
Сливни земји | Босна и Херцеговина Србија |
Најг. должина | 54 kм (177,000 ст) км |
Најг. ширина | 1 kм (3,280 ст 10 ин) км |
Површина | 12,4 km2 (4,8 ми) км2 |
Најг. длабочина | 60 м (200 ст) м |
Зафатнина | 340,000,000 m3 (1.2×1010 cu ft) км3 |
Надм. височина | 290 м (950 ст) м |
Населени места | Баина Башта |
Перуќачко Езеро — вештачко езеро на подрачјето на општина Сребреница во Република Српска во Босна и Херцеговина, како и на подрачјето на општина Баина Башта во Србија. Езерото се наоѓа на границата помеѓу Србија и Босна и Херцеговина.
Географија
[уреди | уреди извор]Езерото е создадено со преградување на реката Дрина за потребите на хидроелектраната „Баина Башта“.[1] Езерото е акумулационо и се снабдува со вода од реката Дрина. Вкупната површина на езерото е 12,4 км2, и има капацитет од 340.000.000 м3 вода. Најдлабоката точка во езерото е 60 метри, најголемата должина на езерото е 54 км, најмалата ширина е 150 метри а најголемата е 1000 метри.[1]
Езерото се наоѓа на надморска височина од 290 метри, и најголем дел од езерото се наоѓа во кањонот на реката Дрина, кој почнува на 7 км од браната. Брегот на езерото е стрмен и карпест, кои вертикално паѓаат надолу кон дното на езерото. Поради тоа, во близина на брегот длабочината може да достигне и до 3 до 8 метри. Границата помеѓу државите поминува на половина од езерото.[1]
Галерија
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 Хидрометеоролошки завод Републике Српске: Језера у Републици Српској Архивирано на 17 август 2011 г. (српски)