Перуштица
Перуштица Перущица | |
---|---|
град | |
Поглед на градот | |
Местоположба на Перуштица во Бугарија | |
Координати: 42°03′23″N 24°32′29″E / 42.0563° СГШ; 24.541417° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Пловдив |
Општина | Перуштица |
Управа | |
• Градоначалник | Николај Баков (БСП) |
Површина | |
• Вкупна | 48,719 км2 (18,811 ми2) |
Надм. вис. | 288 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 5,018 |
• Густина | 100/км2 (270/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 4225 |
Повик. бр. | +359 03143 |
Мреж. место | perushtitsa.egov.bg |
Пѐруштица (бугарски: Перущица) — град во Јужна Бугарија, административен центар на општината Перуштица во Пловдивската Област. Има население од околу 5.018 жители (2022).[1]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Градот се наоѓа во преодна област каде што полето Пазарџичко-Пловдивското Поле ги допира северните падини на Родопите. Со тоа целосно се определува неговиот релјеф — ридски со премин кон падините на планината. Перуштица се наоѓа на 22 километри југозападно од регионалниот център Пловдив и 140 км од главниот град Софија.
Историја
[уреди | уреди извор]Градот е познат низ цела Бугарија по борбата што се случила таму во 1876 година за време на Априлското востание против османлиското владеење. За време на задушувањето на востанието од турските башибозуци, мнозинството жители биле заклани. Францускиот новинар Иван де Воестин, кој го посетил градот во јули 1876 година, известил за весникот Le Figaro дека од околу 2000 население останале само 150 старци и деца.[2]Лејди Странгфорд пристигнала од Британија подоцна истата година во Бугарија со цел олеснување за народот по масакрите. Таа изградила болница во Батак, а подоцна и други болници, вклучително и во Перушица.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
- ↑ de Woestyne, Ivan (1876). Voyage au pays des Bachi-Bouzoucks. Bachelin-Deflorenne Paris.