Патничка (филм од 1963)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

„Патничка“ (полски: Pasażerka) — полски филм од 1963 година, во режија на Анджеј Мунк (Andrzej Munk), кој е автор на сценариото, заедно со Витолд Лесјевич (Witold Lesiewicz), а засновано врз романот на Зофија Посмиш-Пјасецка (Zofija Posmysz-Piasecka). Главните улоги ги играат: Александра Сласка (Aleksandra Slaska), Ана Цјепјелевска (Anna Ciepielewska) и Јан Кречмар (Jan Kreczmar). На Канскиот филмски фестивал, филмот ја освоил наградата FIPRESCI, а Мунк бил номиниран за „Златната палма“. Ова е последниот филм на Мунк, кој загинал во сообраќајна несреќа за време на продукцијата така што филмот го довршиле Витолд Лесјевиќ и Анджеј Бжозовски (Andrzej Brzozowski).[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Додека патува на прекуокеански брод, Германката Лиза (поранешна припадничка на СС-единиците) забележува жена која личи на Марта, затвореничка во Аушвиц каде Лиза била чуварка...

Наводи[уреди | уреди извор]