Паспје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Паспје од операта „Шагренска коска“

Паспје (од фр. passepied = „исчекорник“) е танц од XVII и XVII век со потекло од Бретања, а воедно поимот ја означува и музиката на која се игра ваквиот танц. Ова е добар пример за танцов став од барокната музика и речиси секогаш е дводелна форма со брзо темпо и три-осмински такт, а дел започнува со ненагласен такт од една осминка. Паспјето понекаде го среќаваме и во свити како кај „Музика на вода“ (Свита бр. 1 во Ф) од Георг Фридрих Хендл или „Увертира во француски стил“ од Јохан Себастијан Бах за чембало која има две паспја - молско и дурско за наизменична изведба во обликот I, II, I.

Паспје искомпонирал и Лео Делиб како дел од музиката за пиесата „Кралот се забавува“ (Le roi s'amuse) од Виктор Иго. Посовремен пример за паспје е четвртиот (последен) став од „Бергамска свита“ (Suite bergamasque) за пијано од Клод Дебиси.