Партенион (планина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Планината Партенион (десно).

Партенион (старогрчки: τὸ Παρθένιον ὄρος) или Партениј или Партениум) („Планина на Богородица“, грчки: Παρθένιο, Партенио) ― планина на границата на Аркадија и Арголида, на Пелопонез, Грција. Неговата надморска височина е 1.215 м.[1] Се наоѓа помеѓу селата Ахладокампос на североисток и Партени на југозапад. Планината е 16 км источно од Триполи.

Во антиката, ја делела малата рамнина кај градот Хисе од онаа рамнина кај градот Тегеја. Планината Партенион е планина каде што бил изложен јунакот Телеф. Под нејзините падини била сместена Тегеја. Пан му се појавил на Филипид на планината Партенион над Тегеја, пред Маратонската битка во 490 г.п.н.е.[2] Богот го извикал неговото име и му наредил на Филипид да ги праша Атињаните зошто не му оддаваат почести, иако тој бил добронамерен кон нив, многупати им помагал во минатото и ќе биде така во иднина. Како резултат на тоа, Атињаните поставиле олтар на Пан во подножјето на Партенон.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Oreivatein.com“. Архивирано од изворникот на 2012-12-09. Посетено на 13 октомври 2023.
  2. Херодот. Историја. 6.105-106.

Public Domain Смит, Вилијам, уред. (1854–1857). „Parthenium“. Речник на грчката и римската географија. Лондон: John Murray.

37°29′11″N 22°32′51″E / 37.4864° СГШ; 22.5474° ИГД / 37.4864; 22.5474