Палче (сказна)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Палче  
Poucet9.jpg
Илустрација на Гистав Доре од (1862)
АвторШарл Перо
Наслов на
оригиналот
Flag of France.svgLe Petit Poucet
ИлустраторГистав Доре (во 19 век)
ЗемјаФранција
Јазикфранцуски јазик
СеријалПриказни или сказни од минатото, со наравоученија: Приказни на мајката Гуска (фр. Histoires ou contes du temps passé, avec des moralités: Contes de ma mère l'Oye)
Жанр(ови)Сказна
ИздавачБарбен (фр. Barbin)
Издадена1697

Палче (француски: Le petit Poucet), е една од осумте сказни објавени од страна на Шарл Перо во неговото многу познато дело Приказни или сказни од минатото (1697).[1][2] Приказната е тип тип 327B според Арн-Томсон категоријата за приказни, за мало момче кое победува огра.[3] Овој вид на бајка, во францускиот усната традиција, често е во комбинација со мотиви од типот 327A, слични на приказната за Јованче и Марика Таква приказна е и варијантата Изгубените деца.[4]

Кратка содржина[уреди | уреди извор]

Палче е најмладиот од седумте деца во сиромашното дрводелско семејство. Тој иако бил многу мал, бил многу остроумен. Кога  родителите ги напуштиле, тој смислил различни средства за да се спаси себе и браќата. Кога животот му бил под закана на една огра, Палче ѝ ги украл магичните чизми што одат преку седум брда и долини додека чудовиште спиело.

Заплетот на приказната[уреди | уреди извор]

Илустрација на Гистав Доре, од Сказните на Перо (1862), насликан е Палче како се крие под столчето и ги слуша неговите родители како разговараат за да го напуштат него и неговите браќа.

Родителите повеќе не биле во можност да ги издржуваат нивните деца и имале намера да се откаже од нив. Палче, кога ги слушнал плановите на родителите собрал мали бели камчиња од реката. Тој ги искористил камењата за да го означи патот за дома. Сепак, на вториот круг, наместо камчиња користи трошки од леб, коишто птиците ќе ги изедат а тој и браќата ќе се изгубат во шумата.

Откако се изгубиле во шумата. Палче се качил на некое дрво и во далечина здогледал светлина. Момчињата тргнале накај неа. Кога најпосле стигнале до куќата дознале дека тука живее ограта. Палче, исплашен од волците во шумата решава да го преземат ризикот и да преспијат во куќата.

Ограта дозволила момчиња да преспијат и им дала кревет во собата на ќерките. Но таа не заспала и се подготвувала да ги убие додека спијат. Палче, знаел дека тоа е можно и веќе однапред испланирал па златните круни на ќерките ги заменил со капчињата што ги носеле тој и браќата. Кога станала ограта ги убила своите ќерки наместо нив, и пак отишла да си легне. Кога се успала ипочнала да рчи Палче и браќата побегнале.

Ограта се разбудила утредента и си ја увидела грешката, ги обула чизмите за преку седум рида и долини и тргнала по момчиња. Тие додека пешачеле ја здогледале. Палче повторно брзо мислел па се скриле во близина на малата пештера. Ограта се изморила, седнала да се одмори блиску до местото каде што се криеле. Палче им кажал на браќата како да се вратат дома, а во меѓувреме, ѝ ги соблекол чизмите на ограта додека спиела и ги си ги облекол. Бидејќи чизмите биле магични, му станале точни. Палче ги искористил чизмите за да направи богатство, и се вратил во семејниот дом, каде што засекогаш ќе живеат среќно.

Историја[уреди | уреди извор]

Илустрација за Палче од првото издание на книгата на Перо (1697), која покажува како Палче ѝ ги соблекува чизмите на ограта

Историскиот контекст[уреди | уреди извор]

Традиционалните приказни пренесувани во усната традиција имаат многу старо потекло. Не се знае точно од кога потекнува приказната, но верзијата што ја напишал Перо се појавила во контекст на голмиот глад за време на владеењето на кралот Луј XIV. Со неа се става акцент на краткотрајноста на мачниот селски живот и на уловите на децата како прва жртва во случај на неволја.

Франција во XVII век[уреди | уреди извор]

Меѓу втората половина на 17 и почетокот на 18 век, во времето кога Перо ја објавил неговата прва збирка заедно со приказната за Палче (1697) во Европа а посебно во Франција имало силен студ. Летата биле врнежливи а зимите сурови па затоа владеел глад од огромни размери: историчарите такви зими забележале во 1660, 1661, 1662, 1675[5]. Во 1693, зимата е забележана со општ глад. Во 1715, зимата била сибирска. Реката Сена целосно замрзнала, слично како во 1705 кога замрзнало дури и морето долж бреговите. Земјата била смрзната и сите реколти биле уништени. Немало ни дивеч доволно па волците ги напаѓале луѓето. Требало жито да се купува од странство но војните на Луј 14 веќе го имале исцрпено државната каса.

Гладот како тема[уреди | уреди извор]

Темата во приказната се врти околу тоа да се јаде или да се биде изеден:

  • родителите не можат да ги хранат децата па ги оставаат во шумата
  • браќата прегладнети го јадат лебот додека Палче се спротивставува на гладот и последното парче леб го користи за да изрони трошки на патот до дома
  • гладните птици ги изедуваат трошките
  • во шумата децата се плашат да не бидат изедени од гладните волци и попрво бираат да преспијат кај чудовиштето
  • чудовиштето е огра, јадач на деца

Анализа[уреди | уреди извор]

Француската сказна за првпат била објавена од страна на Шарл Перо под наслов Палче (француски: Le petit Poucet) во збирката Приказни или сказни од минатото (1697). Француското име на јунакот, "Poucet" доаѓа францускиот збор "pouce" што значи "палец" и алудира на нешто ситно и малечко. Во македонскиот јазик, уште од првата адаптација, приказната е позната како Палче.

На почетокот се споменува дека "малиот Палче" кога се родил не бил поголем од палецот на човек.

Во првата половина приказната за Палче е многу на слична на Јованче и Марика. Родителите повеќе не се во можност да ги издржуваат нивните деца и да се откажуваат од нив. Јунакот на приказната остава трошки од леб, но поради птиците, не му успева да го пронајде патот за дома. Таквото одбележување на патека го има во многу приказни, а една од најстарите е онаа за Тезеј и минотаурот.

Втората половина од приказната вклучува огра, која главниот јунак ја надмудрува. Со тоа личи на Љубениот Роланд и Темисто.[6]

Адаптации[уреди | уреди извор]

  • Палче и неговите браќа, заедно со ограта се појавуваат во завршниот чин на балет Заспаната Убавица од Чајковски.
  • Жан-Клод Мурлева го адаптирал ликот на Палче во наградуваниот роман за деца Детето Океан, оригинално објавена во Франција под наслов L'enfant Ocean.
  • Лара Е. Ричардс, Палче... Одново раскажана приказна (1886)[7]
  • Расказот "Палче" од Стив Расник Тем се појавува збирката приказни за возрасни бајка колекција Снег бело, крв црвено (Snow White, Blood Red, 2000)
  • Анимирана адаптација, Палче (руски: Мальчик-с-пальчик), била направена во 1938 година во Советскиот Сојуз.

Илустрации[уреди | уреди извор]

Илустрации од Гистав Доре[уреди | уреди извор]

Густав Доре нацртал 11 илустрации за изданието на книгата на Перо од 1862, Сказните на Перо (фр. Les Contes de Perrault).[8]

Други илустратори[уреди | уреди извор]

Хајнрих Лејтеман и Карл Офтердингер ја илустрирале германската збирка, Мојата прва бајкозбирка (Mein erstes Märchenbuch) објавена на крајот на 19 век.

 
 

Види[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Opie, Iona and Peter. The Classic Fairy Tales. Oxford University Press, 1974, p. 21.
  2. Bottigheimer, Ruth. (2008). "Before Contes du temps passe (1697): Charles Perrault's Griselidis, Souhaits and Peau". The Romantic Review, Volume 99, Number 3, pp. 175-189.
  3. Heiner, Heidi Anne. "Tales Similar to Hop o' My Thumb".
  4. Delarue, Paul. The Borzoi Book of French Folk-Tales. Alfred A. Knopf, Inc., New York, 1956, p. 365.
  5. Charles Perrault, Contes (introduction, notices et notes de Catherine Magnien), Éditions Le Livre de Poche Classique
  6. Opie, Iona and Peter. The Classic Fairy Tales. Oxford University Press, 1974, pp. 128-129.
  7. Hop o' My Thumb ... The Story Retold. Laura E. Richards. London: Blickie & Son, 1886. Also, Boston: Roberts Brothers, 1886.
  8. Opie, Iona and Peter. The Classic Fairy Tales. Oxford University Press, 1974, p. 134.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]