Самовили (сказна)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Самовили  
Lesfees.jpg
Еден ден додека беше на бунарот, кај неа дојде старица и ѝ побара вода.
Илустрација од 1867 на Гистав Доре
АвторШарл Перо
Наслов на
оригиналот
Flag of France.svg Les Fées
ИлустраторГистав Доре (во 19 век)
ЗемјаФранција
Јазикфранцуски јазик
СеријалИстории или сказни од минатото, со наравоученија: Приказни на мајката Гуска (фр. Histoires ou contes du temps passé, avec des moralités: Contes de ma mère l'Oye)
Жанр(ови)Сказна (во проза)
ИздавачБарбен (фр. Barbin)
Издадена1697

Самовили е француска бајка на Шарл Перо (оригинален наслов: "Les Fées") објавена во збирката Приказни или сказни од минатото (1697).

Според Арн-Томсон класификацијата, оваа приказна е 480, добрата девојка и оние лошите. Други приказни од овој тип се Шита-Кири Сузуме, Мразулко, Три човечиња во шумата, Старата вештерка, и Два ковчега.[1] Книжевните варијанти ги вклучуваат Трите самовили и Зорица и Љубица.[2]

Приказната[уреди | уреди извор]

Злобната стара вдовица имала две ќерки; нејзината постара ќерка, Фани била тврдоглава и суетна, но личела и се однесувал како мајка ѝ, затоа ѝ била миленичка. Помладата ќерка, Розе била слатка, нежна и убава, но личела на нејзиниот починат татко. Љубоморна и зајадлива, вдовицата и нејзиниот омилена ќерка ја злоупотребувале и малтретирале младата девојка.

Еден ден, додека црпела вода од бунарот, една стара жена ѝ побарала на помладата девојка да се напие. Девојката учтиво се согласила и откако ѝ дала вода, видела дека жената е самовила, која била преправена за да го испитува карактерот на смртниците. Бидејќи девојка била толку љубезна и сочувствителна кон неа, самовилата нејзе ја благословила со тоа кога ќе зборува од устата да ѝ паѓа накит, злато или цвет.

Кога стигнала дома и објаснила зошто толку се задржала, вдовицата била восхитена кога видела како скапоцени метали, накит and цвеќе паѓа од устата на девојката и посакала нејзината омилена ќерка Фани да има исто таков дар. Фани не бунела но вдовицата на сила ја натерала да оди на бунарот со укажување да се однесува пристојно и пријатно кон некоја стара питачка. Фани се согласила но самовилата се појавила како принцеза и побарала девојката да ѝ извади вода од бунарот. Постарата ќерка грубо ѝ одговорила и ја навредила. Самовилата рекла дека како казна за нејзиното ужасно однесување од устата кога ќе прозбори да ѝ излезе или крастава жаба или змија.

Кога Фани стигнала дома, таа ѝ ја раскажала на мајка си приказната а крастави жаби и отровници излегувале од нејзината уста на секој збор. Вдовицата, во бес, ја избркала помладата ќерка од дома. Во шумата таа го сретнала синот на кралот кој се заљубил во неа и ја земал за жена. Со време, дури и на вдовицата ѝ дошло преку глава од постарата ќерка, па ја избркала, а таа умрела сама и очајна во шумата.

Коментар[уреди | уреди извор]

Мотивот скапоцености да паѓаат од устата на доблесната личност се наоѓа во разни други приказни како и во италијанската Бјанкабела и змијата.[3]

Влијанија[уреди | уреди извор]

Во Сината книга со бајки (1889)[4], шкотскиот фолклорист Ендру Ланг вклучил англиска верзија на приказната, Жаби и дијаманти[5]. Оваа англиска верзија била илустрирана од Лора Валентајн[6] и преведена на француски на wikiversité.

Во детската книга Сказни од улицата Брока, Пјер Грипари[7], ја презема приказната и малку ја изменува: самовилата кај ќешмата на лошата девојка ѝ дала дар да плука бисери а на добрата змии. Но овие подароци различно биле ценети: таа што плукала змии ја сретнала својата љубов во Институтот Пастер кој ги истражувал отровите, а онаа што плукала бисери била заведена од некој крадец кој потоа ја напуштил.

Галерија[уреди | уреди извор]

Види[уреди | уреди извор]

  • Чесниот дрвар
  • Месеците
  • Точно и неточно

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Heidi Anne Heiner, "Tales Similar to Diamonds and Toads"
  2. Jack Zipes, The Great Fairy Tale Tradition: From Straparola and Basile to the Brothers Grimm, p 543,
  3. Iona and Peter Opie, The Classic Fairy Tales, p 98
  4. 1844-1912,, Lang, Andrew,; 1857-1929,, Jacomb Hood, G. P. (George Percy), ([1965]). The blue fairy book.. New York,: Dover Publications. ISBN 9780486214375. OCLC 1065913. https://www.worldcat.org/oclc/1065913. 
  5. The Blue Fairy Book. https://en.wikisource.org/wiki/The_Blue_Fairy_Book/Toads_and_diamonds. 
  6. „Aunt Louisa's nursery favourite“. ufdc.ufl.edu. конс. 2017-10-29. 
  7. 1925-1990., Gripari, Pierre, (DL 2012). Contes de la rue Broca : l'intégrale (Nouvelle éd издание). Paris: Grasset jeunesse. ISBN 9782246786917. OCLC 795445178. https://www.worldcat.org/oclc/795445178. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Дела поврзани со Diamonds and Toads на Викиизвор (англиски)

Комплетните текстови и илустрирани[уреди | уреди извор]

Шарл Перо на француски јазик

  • Самовили (Les Fées), éditions Barbin, 1697
  • Самовили (Les Fées), édition Léon Curmer, 1843
  • Самовили (Les Fées), модерна верзија од Пјер Ферон, 1902
  • Самовилите во Приказните на мајката Гуска пред Перо (1878)
  • Commons-logo.svg Diamonds and Toads на Ризницата ?