Палембаншки јазик
Изглед
Палембаншки | |
---|---|
Baso Palembang | |
Застапен во | Суматра, Индонезија |
Подрачје | Палембанг |
Говорници | 4 милиони |
Јазично семејство | |
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | mui |
Викимедииниот Инкубатор испробува Википедија на палембаншки јазик |
Палембаншкиот или муси[1] (Baso Palembang, Musi) е јазик од малајско-сумбавската група сроден на малајскиот што го говорат околу 1,4 милиони жители во поширокото градско подрачје на Палембанг, главен град на покраината Јужна Суматра во Индонезија. Покрај ова, јазикот има уште 2,5 говорници во околните краишта. Во последно време јазикот има улога на лингва франка во Јужна Суматра, за полесно разбирање помеѓу жителите на покраината кои инаку говорат на разни јазици и дијалекти. Палембаншкиот има доста примеси од јаванскиот јазик, бидејќи првите говорници се доселиле од Централна Јава во XVII век.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Муси - Ethnologue (англиски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Палембаншко-индонезиски речник Архивирано на 3 септември 2012 г. (индонезиски)
- Палембаншки јазик на Ethnologue (англиски)