Павел Плехве

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Павел Плехве
Pavel Plehve.jpg
Роден30 јуни 1850
Починалмарт 28, 1916(1916-03-28) (воз. 65 г.)
Држава Руско Царство
РодРуско Царство Руска царска армија
Чингенерал
Заповедал соМосковски воен округ,
5-та армија,
Северен фронт
Битки/војниРуско-турска војна (1877–1878)
Прва светска војна

Павел Адамович Плехве (30 јуни 1850 – 28 март 1916 година), германски офицер, служел исклучиво во руската армија за време на Втората светска војна.

Воена кариера[уреди | уреди извор]

По дипломирањето во училиштето за офицерска коњаница, Плехве служел во полкот ухлан. Во 1877 година, дипломирал на Општата академија за персонал. За време на Руско-турската војна, Плехве служел како офицер на 13-от корпус, а по војната работел во бугарското воено министерство. Во Русија се вратил во 1880.

За време на мирниот период, Плехве стекнал неколку редови. Бил командант на коњички полк (1890), на втората коњичка дивизија (1899) и на Московскиот воен округ (1909).

Првата светска војна[уреди | уреди извор]

На Плехве му била доверена командата со Петтата армија, која ја предводел во Битката на Галиција и одбраната на Лоѓ. Следната година тој се префрлил во командата на ново формираната Дванаесетта армија, која ја водел во Втората битка на Мазурските Езера, во февруари 1915 година (каде руската Десетта армија била поразена од страна на Германците). Подоцна се вратил во командата на Петтата армија и, накратко го водел северниот сектор на Источниот фронт. Поради лошата здравствена состојба, Плехве конечно се пензионирал како инвалид во февруари 1916. Умрел подоцна во текот на истата година.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]