Битка кај Лавов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Битка кај Лавов позната и како Битка кај Лемберг е прва прва голема битка помеѓу Русија и Австро-Унгарија во Првата светска војна. Битка се случувала од 26 август до 11 септември 1914 година. Русите го зазеле Лавов и напредувале за 160 километари на фронтот. Австроунгарска војска доживеала огромни загуби.

Вовед[уреди | уреди извор]

По поразот што Русите го доживеале во Источната Прусија, начелникот на генералштабит на австроунгарската војска Франц Конрад фон Хецендорф одлучил да започне офанзива во Галиција со план да ја искористи бројната сила во днос на Русите. Рускиот командант Николај Иванов ја очекивал офанзивата во близина на Лавов. Заради тоа ги кренал двете руски армии од југ и уште две што нападнале од север.[1]

Битка[уреди | уреди извор]

Битката се водела на северен и јужен дел од фронтот. На северниот дел од фронтот Првата австроунгарска армија под команда на Виктора Данкл се движела кон Брест-Литовск, за да ја пресече железничката пруга Кијев-Варшава. Данкл ја нападнал и потиснал Четвртата руска армија во Битка кај Красник. Десно од Првата австриска армија, Четвртата австри армија ја потиснала Петтата руска армија под команда на Павела Плехве.


На јужниот дел од фронтот австроунгарската војска под команда на Ковес напредувала. На јужниот дел од фронтот Иванов ја имал Третата армија под команда на Николаја Руск и Осмата армија под команда на способниот Алексеј Брусилов. Во Битката кај Гнила Липа од 26 августдо 30 август 1914 година Третата и Осмата руска армија реализирале голема победа врз австроунгарска војска. Австриска војска се нашла во хаос и долго не можела да се регрупира. Не им помогло ни тоа што Руси имале забавивање поради лошите патишта.

Битка кај Гнила липа


Бидејќи целата група на Ковек се повлекувала, Франц Конрад фон Хецендорф ги повлекол силите од северниот дел на фронтот, бидејќо сметал дека таму Русите веќе не представуваат закана по поразот во битката кај Красник. [2] Меѓутоа Русите ја претчувствувале заканата, па Иванов наредил на Третата руска армија да нападне и да ја потисне австроунгарската војска, штом започнале преестувања на војската на југ во битката која се нарекува Битка кај Рав Рускај. Австроунгарските сили ја повикале во помош и Втората австриска армију од Србија, но веќе било соцна бидејќи бил разбиен целиот австриски фронт во Галиција, а Русите презеле контрола врз Лавов.

Резултати[уреди | уреди извор]

При повлекување на австроунгарската војска, војниците со Словенско потекло се предавале, а некои дури и заминувале на фронт на руска страна. До 11 септември Русите заробиле 130.000 австроунгарски војници. Австроунгарската војска имала 300.000 жртава, Русите ја поместиле линијата на фронтот за 160 километари кон Карпати, а австриската тврдина Пшемишл останала во опсада која траела Битка кај Пшемишл повеќе од 100 денови. Австроунгарската војска загубила многу обучени офицери, а победата го зајакнала моралот и јавното мислење кај Русите.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Головин Н.Н. Русская армия в Великой войне: Начало войны и операции в Восточной Пруссии
  2. Strachan, Hew (2001). The first World War. Volume I: to war. Oxford. стр. 281–357.