Втора битка кај Мазурските Езера

Од Википедија — слободната енциклопедија
Втора битка кај Мазурските Езера
Дел од Источен фронт за време на Првата светска војна

Источниот фронт, 7–18 февруари 1915
Датум 7-22 февруари 1915
Место Источна Прусија , Германско Царство (денес Полска)
Исход Победа на Германците
Завојувани страни
 Германско Царство  Руско Царство
Команданти и водачи
Германско Царство Паул фон Хинденбург
Германско Царство Ерих Лудендорф
Германско Царство Макс Хофман
Германско Царство Херман фон Ејхорн
Германско Царство Георг фон дер Марвиц
Руско Царство Николај Руски
Руско Царство Фадеј Васиљевич Сиверс
Руско Царство Павел Плехве
Вклучени единици
Германско Царство Осма армија
Германско Царство Десетта армија
Руско Царство Десетта армија
Руско Царство Дванаесетта армија
Сила
околу 100.000 околу 220.000
Жртви и загуби
лесни загуби;[1] 16,200 KIA, MIA, WIA 200.000 убиени, повредени[2]

Втора битка кај Мазурските Езера e позната е и како Зимска битка на Мазурските Езера претставувала северни дел од офанзива која во тек на зимата 1915 година ја презеле Германија и Австроунгарија на Источниот фронт во Првата светска војна. Целта на офанзивата било преминување на реката Висла и задавање на тежок удар на Русите со цел да се исфрлат од војната. Битката завршила нерешено, а Русите загубиле дел од територијата.

Вовед[уреди | уреди извор]

Германскиот началник на генералштабот Ерих фон Фалкенхајн верувал дека Германија ќе ја добие војната на Западниот фронт, па се двоумел да го поддржи Паул фон Хинденбург на Источниот фронт. Сепак Фалкенхајн ја одобрил планираната офанзива, која што ја предводел Хинденбург. Генералот Александар фон Лизинген го предводел нападот против Русите на Карпатите, со целт да се заземе Лавов. Генералот Светозар Боројевиќ од Бојна се обидел да го ослободи запоседнатиот Пшемишл.

Текот на битката[уреди | уреди извор]

Осмата германска армија започнала ненадеен напад среде снежна вијулица на 8 февруари 1915 година. Русите биле изненадени и претрпеле тешки загуби, па се повлекле за 120 километари. Русите се повлекувале хаотично, така што многу од нив биле заробени. Најголеми загуби претрпел Дваесеттиот корпус под команда на генералот Булгаков. Десеттата германска армија ги заобиколила во шума, па на 21 февруари целиот корпус се предал. Иако Русите го загубиле целиот корпус, неговото херојско држење овозможило повлекување на останатиот дел од Десеттата руска армија која формирала нови одбранбени линии.

Веќе на 22 февруари Дванаесеттата руска армија под команда на Павел Плехве прешла во противнапад. Противнападот ја запрел германската офанзива и понатамошното напредување, со што битката била завршена.

Резултати[уреди | уреди извор]

Со втората битка на Мазурските Езера била завршена германската офанзива на север. Русите имале и територијални загуби и големи човечки загуби, но го запеле продорот на Германците во Русија. Пропаднала германската намера на Русија да ѝ зададе конечен пораз. И офанзивата на фон Лизингенч во јужниот дел на фронтот пропаднала, а Германците и Австроунгарците имале големи загуби. Тврдината Пшемишл се предала на Русите по долга опсада. Германско-австроунгарската офанзива не успеала во најважните цели. Од тогаш германската војска веќе не делувала како независна сила, туку дејствувала заедно со австроугарските сили во операциите на Источниот фронт.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. David Eggenberger, An Encyclopedia of Battles: Accounts of Over 1,560 Battles, 2012, p. 270
  2. Spencer C. Tucker, Priscilla Mary Roberts, The Encyclopedia of World War I: A Political, Social, and Military History, 2005, p. 375