О Дер
Изглед
| О Дер | |
|---|---|
| Координати | 50°11′01″N 04°22′10″E / 50.18361°N 4.36944°E |
| Вид | вештачко езеро |
| Земји во сливот | |
| Најг. должина | 4 км |
| Најг. ширина | 2 км |
| Површина | 6,17 км² |
| Најг. длабочина | 43 м |
| Водна зафатнина | 86.000.000 м³ |
| Брежна должина1 | 50 км |
| Надм. височина на површината | 243 м |
| Острови | 0 |
| Населени места | Серфонтен |
| 1 Брежната должина не е добро утврдена мерка. | |
О Дер или О д'Ер (француски: Eau d'Heure) е најважното вештачко езеро во Белгија. Браните му се изградени во текот на 1970-тите. Езерото се наоѓа недалеку од селото Серфонтен (50 км јужно од градот Шарлероа) и границата со Франција. Реката на езерото исто така се нарекува О Дер. На оваа акумулација има пет брани и една хидроелектрана.
Местото е популарна туристичка атракција, особено за водените спортови како риболовот, кајакарството, нуркањето и едрењето на даска.
