Оцелот
Изглед
| Оцелот | |
|---|---|
| Научна класификација | |
| Царство: | Животни |
| Колено: | Хордати |
| Класа: | Цицачи |
| Ред: | Ѕверови |
| Семејство: | Мачки |
| Род: | Јужноамерикански мачки |
| Вид: | L. pardalis |
| Научен назив | |
| Leopardus pardalis (Лине, 1758) | |
| Распостранетоста на оцелотот | |
Оцелот е вид мачка што се наоѓа во шумите, тревните подрачја покриени со грмушки од Тексас до северна Аргентина.
Особености
[уреди | уреди извор]Оцелотот е долг 90-130 см, без опашката од 30 до 40 см. Висок е околу 45 см и тежи 11-16 кг. Горниот дел на телото варира од бела до темножолта и сива боја. Главата, вратот и телото се обележани со посебни форми на црни пруги и точки: точки на главата, две линии на секој образ, долгнавести точки поврзани во синџирести страни на телото и линии или дамки на опашот. Оцелотот лови ноќе мали цицачи, птици, влекачи и риби. Тој е на списокот на загрозени животни во САД.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Животински свет, Скопје, 2005, стр. 133