Отворено првенство на Австралија (2010)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Австралијан Опен 2010
Датум:  
Издание:   98мо
Категорија:   Гренд Слем (ИТФ)
Локација:   Мелбурн, Викторија, Австралија
Шампиони
Мажи Сингл
Швајцарија Роџер Федерер
Жени Сингл
САД Серена Вилијамс
Мажи Дабл
САД Боб Брајан / САД Мајк Брајан
Жени Дабл
САД Серена Вилијамс / САД Венус Вилијамс
Мешано Дабл
Flag of Zimbabwe.svg Кара Блек / Индија Леандер Паез
Австралијан Опен
 < 2009 2011 > 

Австралија Опен 2010 беше тениски турнир, кој се одржа во Мелбурн Парк во Мелбурн, Австралија, од 18 јануари до 31 јануари. Тоа беше 98-мото издание на Отвореното првенство на Австралија и прв Гренд Слем во годината.

Во поединечна конкуренција, Рафаел Надал и Серена Вилијамс ги бранеа титулите. Вилијамс успеа да ја одбрани со победата над Жастин Енин со 6–4, 3–6, 6–2 во финалето[1] додека Надал се предаде во четвртфиналето против Енди Мареј поради повреда со коленото. Роџер Федерер стана нов шампион, победувајќи го Енди Мареј со 6–3, 6–4, 7–6 (11).[2]

Во Дабл, победниците од 2009 беа успешни во одбранувањето на титулата – Боб Брајан и Мајк Брајан во мажи дабл и Серена и Венус Вилијамс во жени дабл. Саниа Мирза и Махеш Бупати не успеаа во одбранувањето на титулата тие се откажаа од турнирот. Во мешани двојки победници беа , Кара Блек и Леандер Паез.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Поврзано[уреди]