Осаменост (Мопасан)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Осаменост“ (француски: Solitude) — расказ на францускиот писател Ги де Мопасан, првпат објавен на 31 март 1884 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Двајца другари шетаат по Елисејските полиња во Париз. Едниот му раскажува на другиот за својата осаменост, а потоа ги изложува своите погледи за животот, воопшто. Тој тврди дека секој човек неизбежно е осамен, зашто другите луѓе никогаш не можат да ги сфатат неговите мисли и да ги споделат неговите чувства. Исто така, тој тврди дека и љубовта е само илузија, зашто две души никогаш не можат да се соединат. Оттука, секој човек е осуден на вечна осаменост, а животот е само стремеж да се избегне осаменоста.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Усамљеност“ во: Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 257-263.