Прејди на содржината

Омилениот спорт на мажите?

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Омилениот спорт на мажите?“ (англиски: Man's Favorite Sport?) — американски филм од 1964 година во режија на Хауард Хокс, снимен по сценариото на Пат Френк, Џон Фентон Мареј и Стив Мекнил. Главните улоги ги толкуваат: Рок Хадсон (Rock Hudson), Пола Прентис (Paula Prentiss), Марија Перши (Maria Perschy) и Шарлен Холт (Charlene Holt). Намерата на Хокс била овој филм да биде омаж на филмот „Насила дадилка“ од 1938 година при што безуспешно се трудел да ги ангажира главните глумци од тој филм — Кери Грант и Кетрин Хепберн.[1]

Содржина

[уреди | уреди извор]

Роџер Вилоби (го игра Хадсон) е успешен продавач на спортска опрема, особено на прибор за риболов при што го сметаат за голем спортски стручњак. Поради тоа, Абигел (ја игра Прентис), неговата шефица за односи со јавноста го пријавува на еден риболовен натпревар, а тука започнува заплетот, зашто Роџер никогаш не се бавел со тоа...