Олга Холц

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Олга Холц
Olga Holtz Princeton 2009 2P158.jpg
Роден19 август 1973
Чељабинск, Советски Сојуз
ПолињаМатематика
УстановиКалифорниски универзитет, Беркли, Технички Берлински универзитет
ОбразованиеЈужен Уралски државен универзитет
универзитет Висконсин-Медисон
Поважни наградиЕМД Награда (2008)

Олга Холц (руски: Ольга Гольц; родена на 19 август 1973) е руска математичарка, специјализирана за нумеричка анализа. Таа ја добила Софија Ковалевскаја наградата во 2006 година[1] и наградата на Европското математичко друштво (2008). Од 2008 година, таа е членка на Младинската Академија (Junge Akademie[2]) на Германија.

Живот[уреди | уреди извор]

Раниот математички развој на Холц во голема мера се должел на нејзините родители, кои биле програмери. На возраст од 15 години, таа била избрана во средно училиште специјализирано за математика, на кое таа завршила две години подоцна. Холт го посетувала Јужниот Уралски државен универзитет во Чељабинск (1995) и универзитетот во Висконсин-Медисон (2000), престојувајќи во вториот до 2002 година, на постдокторска позиција за истражување, откако докторирала. Потоа таа поминала 1,5 година во Германија, со Хамболт истражувачка стипендија на Институтот за математика на Техничкиот Берлински универзитет, пред да се врати во САД во 2004 година, каде што станала мори асистент професор на одделот за математика на Калифорнискиот универзитет, Беркли од 2004 до 2007 година.

По освојувањето на наградата Софија Ковалевскаја од 1.000.000 евра во 2006 година, Холц креирала своја истражувачка група на Техничкиот Берлински универзитет,[3] каде станала професор по применета математика, истовремено работејќи како соработник, а потоа и редовен професор по математика на Калифорнискиот универзитет, Беркли. Оттогаш, Холц освоила дополнителни почести. Европското математичко друштво и ја доделило својата награда за 2008 година, а Европскиот Истражувачки Совет и го доделил нивниот Почетен Грант во висина од 880.000 евра, во август 2010 година.[3] Во 2015 година била избрана за член на Американското математичко друштво "за придонеси во нумеричката линеарна алгебра, нумеричка анализа, апроксимативната теорија, теоретската компјутерска наука и алгебра".[4]

Холц, која сметала на кариера во музиката пред да се одлучи за математиката, настапила со Берлинскиот филхармониски хор и практикувала танцување во сала за танцување.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Alexander von Humboldt-Foundation - SKP Award Winners 2006“. humboldt-foundation.de. конс. 14 December 2014. 
  2. Die Junge Akademie. „Die Junge Akademie: Home“. diejungeakademie.de. конс. 14 December 2014. 
  3. 3,0 3,1 „Olga Holtz“. Berlin Sciences: The Science Portal of Berlin. конс. 18 January 2011. 
  4. 2016 Class of the Fellows of the AMS, American Mathematical Society, конс. 2015-11-16 .
  5. Janositz, Paul. „The Sound of Mathematics“. Humboldt-Foundation. конс. 18 January 2011. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]