Одмазда (ТВ серија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Одмазда
Жанр Сапуница[1]
Психолошки трилер
Мистерија
Создадена од Мајк Кели
Настапуваат Маделин Стоу
Емили Ванкамп
Габриел Ман
Хенри Черни
Ешли Мадекве
Ник Векслер
Џон Боуман
Конор Паоло
Криста Б. Ален
Бери Слоун
Џејмс Тапер
Карин Ванас
Брајан Халисеј
Елена Сатине
Композитор(и) Ајзлер (музика)
Земја на потекло Flag of the United States.svg САД
Јазик Англиски
Број на сезони 4
Број на епизоди 89 (Листа на епизоди)
Продукција
Изврш(ен/ни) продуцент(и) Мајк Кели (1-2 сез.)
Марти К. Боуен
Вик Годфри
Филип Ноис (1 сез.)
Мелиса Лои (2 сез.)
Марк Б. Пери (2 сез.)
Сунил Најар (сез. 2-4)
Гречен Џ. Берг (3 сез.)
Арон Харбертс (3 сез.)
Продуцент(и) Ренди Сатер
Саманта Томас
Мак Кели
Мелиса Лои (1 сез.)
Џои Фацио (соработник)
Тед Бабкок (ко-продуцент)
Уредувач(и) Мартин Николсон
Сју Блејни
Конрад Смарт
Ленс Лаки
Локаци(ја/и) Лос Анџелес, Калифорнија и Саутхемптон, Њујорк
Пилот епизода:
Вилмингтон, Северна Каролина
Кинематографија Крис Манли
Синтија Пушек
Џон Смит
Ленс Лаки
Времетраење 43 минути
Продукцис(ка/ки) компани(ја/и) The Page Fright Company/Mike Kelley Productions (1-2 сез.)
Temple Hill Productions
ABC Studios
Дистрибутер Disney–ABC Domestic Television
Емитување
Канал на емитување ABC
Период на прикажување 21 септември 2011 г. - 10 мај 2015 г.
Официјална Веб-страница

Одмазда (Англиски: Revenge) — американска телевизиска сапуница/драмска серија, создадена од Мајк Кели, во која главните улоги ги играат Маделин Стоу и Емили Ванкамп. Серијата премиерно започнала да се прикажува на 21 септември 2011 година на каналот ABC. Содржината е инспирирана од романот Грофот од Монте Кристо на Александар Дима.[2]

Каналот ABC ја избрал серијата за снимање на целосна сезона откако пилот епизодата имала нилсен рејтинг од 3.3 во возрасната категорија 18–49 години и била најгледана серија во терминот од 22:00 часот пред ТВ сериите на другите телевизиски канали во возрасната категорија 18–34 години.[3][4][5] За својата улога, Маделин Стоу во 2012 година била номинирана за Златен Глобус за најдобра глумица во драмска серија, додека пак истата година серијата била номинирана во категоријата омилена нова ТВ драма на People's Choice наградите. Одмазда станала најгледана ТВ серија на ABC во средите во терминот на прикажување по Изгубени во сезоната 2006–07 и станала единствената нова серија по повеќе од четири години која го достигнала успехот на Изгубени во возрасната категорија 18–49 години.[6][7]

Одмазда била откажана по четири сезони прикажување на ABC и последната епизода била емитувана на 5 мај 2015 година. Последната епизода била проследена од 4.80 милини гледачи.

Преглед[уреди | уреди извор]

Емили Торн (Емили Ванкамп) оди во Хемптон за време на летото, изнајмувајќи куќа до богатото семејство Грејсон. Сепак откриено е дека Емили претходно била во Хемптон кога била мало девојче.Всушност Емили е всушност Аманда Кларк, чиј татко бил обвинет за злосторство кое не го извршил и бил осуден на доживотна казна затвор. Таа била засекогаш разделена од него, и никогаш не го видела повторно. Сега таа се враќа во Хемптон со намера да им се одмазди на луѓето кои ѝ наштетиле неа и на нејзиниот татко. Викторија Грејсон (Маделин Стоу), главата на семејството Грејсон и жената која ја сакал таткото на Емили која на крајот го предала, е на врвот на нејзината одмазничка листа. Емили сака на сите да им се одмазди.

Додека го спроведува својот план, Емили се обидува да го управува високото општество кон уништување на оние кои го предале нејзиниот татко. Но, колку подалеку оди, толку повеќе доаѓаат до израз нејзините чувства и таа започнува да се сомнева во нејзиниот мотив и потезите кои што ги прави.

Улоги[уреди | уреди извор]

Главни улоги[уреди | уреди извор]

Емили Ванкамп ја толкува улогата на Емили Торн/Аманда Кларк. Родена како Аманда Кларк се враќа во Хемптон со нов идентитет,Емили Торн, богат член на општеството,посветена на добротвотна работа - за да им се одмазди на луѓето одговорни за смртта и неправедното обвинување за тероризам на нејзиниот татко. Како млада таа престојувала во центат за детска деликвенција,несвесна за невиноста на својот татко,се додека Нолан Рос не ја извадил од таму. Тој и кажал дека нејзиниот татко бил наместен, и ѝ врачил 49% акции од компанијата “NOLCORP”, која нејзиниот татко ја основал. Откако сватила дека Нолан ја кажува вистината, таа решила да го исчисти името на татко ѝ. Таа започнува да тренира со Такеда и во исто време се среќава со Ејден Метиз, со кој ќе биде и во врска. Нивната врска завршува кога тој ја напушта откако претходно се согласил да ја поведе со себе.Таа се подготвува за нејзиното враќање во Хемптон, на тој начин што го заменува идентитот со нејзината поранешна цимерка од центарот за млади деликвенти како и со собирање информации за Даниел Грејсон. По пристигнувањето во Хемптон, Емили ја купува поранешната куќа на нејзиниот татко, која се наоѓа веднаш до куќата на семејеството Грејсон, и се впушта во романтична врска со Даниел, со цел да се зближи со неговото семејство. Таа го прифаќа неговиот предлог за брак, но нивната врска бледее бидејќи Даниел се повеќе започнува да личи на останатите членови од неговото семејство. Тие конечно ја раскинуваат свршувачката откако Емили го бакнува Џејк. Откако ке дознае дека Шарлот е нејзината полусестра, Емили донесува крајна одлука да ја исклучи од нејзината одмазда кон семејството Грејсон. Емили Алин Линд ја игра улогата на малата Аманда Кларк.

Меделин Стоу ја игра улогата на Викторија Грејсон,моќната глава на семејството Грејсон,жена на Конрад Грејсон,мајка на Даниел и Шарлота.После аферата со Дејвид Кларк,Викторија без размислување се согласува да им помогне на Конрад и на Франк да го наместат Дејвид Кларк.Бракот на Викторија и Конрад полека се распаѓа и тие започнуаат процедура за развод.Иако не го знае вистинскиот идентитет на Емили,Викторија никогаш не и верува целосно и се обидува да ја саботира врската помеѓу неа и нејзиниот син. Додека нејзиното семејство поминувало низ тежок период,Викторија повремено бара помош од Емили,а моментално ги прекинува контактите кога повеќе не гледа корист во Емили.Викторија исто така има навика да им удира шлаканица на луѓето кои ја налутиле.

Габриел Мен ја толкува улогата на Нолан (Мишел) Рос,генијален изумител на софтвер,хакер и верен сојузник на Емили во нејзиниот план за одмазда.Тој му го должи неговиот успех и богатство на Дејвид Кларк,кој го поддржувал и инвестирал од сопствените пари во неговата компанија.Како знак на благодарност кон Дејвид,Нолан и нуди помош на неговата ќерка,која на почетокот немала доверба во него но подоцна ја прифатила неговата вмешаност во нејзината одмазда.Додека Нолан и дава целосна поддршка на Емили,често истапува и и дава совети кога смета дека таа оди предалеку.Поголемиот дел од времето Нолан и помага на Емили кога и да му побара помош,посебни кога молбата за помош се однесува на праќање на анонимни мејлови или упад во нечиј компјутер/мобилен телефон.Нолан е бисексуалец-тој бил во врска со поранешниот финансиски директор на компанијата “NOLCORP”,Марко.Тој во првата сезона бил во врска со Тајлер Берол а во втората со Падма Лахари.

Хенри Зерну ја игра улогата на Конрад Грејсон,сегашниот извршен директор на компанијата “GRAYSON GLOBAL”,како и поранешен шеф на Дејвид Кларк.Тој е сопруг на Викторија и татко на Даниел и Шарлот (иако не е билошки татко на Шарлот).Конрад бил вмешан во перење на пари за организацијата “Americon Initiative”,која ѓи искористила парите за да изврши терористички напад врз авион.После оваа катастрофа,Конрад соработувал со Франк и Викторија за да го обвинат нејзиниот љубовник,Дејвид Кларк.Неговата врска со најдобрата другарка на Викторја,Лидија,уште повеќе го оштети нивниот нестабилен однос и доведе до процедура за развод.Поради тоа што бил многу близок со неговата ќерка,тој бил потиштен од резултатите од ДНК тестот,кои што покажале дека таа не е негово биолошко дете.Тој ја разоткрива Викторија на семејната вечера и го уценува нејзиниот љубовник,Доминик,за да ја напушти.Во крајната епизода на првата сезона,Конрад ја предупердува Викторија да не се качува во авионот,но таа одлучува да не го послуша.Откако авионот ке се сруши, тој верува дека Викторија е мртва,но подоцна таа телефонски контактира со него за да и помогне во врска со Марфи.Конрад и помага на Викторија со план да прикаже дека таа била киднапирана и држена во заложништво од страна на Марфи.Со текот на времето тој повторно и предлага брак на Викторија,објаснувајќи дека тоа ќе оневозможи тие да бидат принудени да сведочат еден против друг.На нивната втора венчавка Конрад е неправедно уапсен за убиството на Гордон Марфи.Хелен,член на организацијата “Americon Initiative”,му овозможува да биде пуштен на слобода со кауција.Како и да е,откако Даниел ке го завземе местото на Конрад како извршен директор на “GRAYSON GLOBAL”,организацијата “Americon Initiative” ги прекинува сите врски со Конрад и се насочува кон Даниел.Исто така е откриено дека Конрад имал романтична средба со поранешната девојка на неговиот син,Ешли Девенпорт.

Ешли Мадеке ја толкува улогата на Ешли Девенпорт,вработена на фамилијата Грејсон и една од најблиските пријателки на Емили.Ешли ке ја изневери Емили и ке се обиде да ја придобие довербата на Викторија Грејсон,но безуспешно.Почетно работејќи како планер на забави и асистент на Викторија,Ешли подоцна станува портпарол на семејството Грејсон,за време на судењето за убиство на Даниел.По разрешувањето на Даниел,Конрад ја вработува Ешли во неговата компанија,таа истовремено е и планер на венчавката на Емили и Даниел.После пропаднатата врска со Тајлор Берол и неговото убиство,Ешли се впушта во романтична врска со Даниел.Во текот на втората сезона Ешли беше прикажана како секс-роб кој работи за пари,во 2006г.,за подоцна да биде спасена од Емили Торн.Откако Емили ке и испрати скандалозно видео на Викторија за нејзината романтична средба со Конрад,Викторија ја присилува Ешли да го заведе Салвадор Гробет,со цел да го натера да гласа за Конрад,што води до тоа Даниел да дознае за измамата на Ешли и да стави крај на нивната врска.

Ник Веслер ја толкува улогата на Џек Портер,другар од детството на Емили,брат на Деклин Портер,а и негов старател после ненадејната смрт на нивниот татко.Тој станува дечко на вистинската Емили Торн,која го замени својот идентитет со Аманда Кларк.Тој го превзема барот на неговиот татко откако тој ке почине.Џек е еден од двајцата мажи за кој Емили имс чувства,другиот е Даниел.Исто така и Џек има чувства кон Емили.Во втората сезона Аманда го раѓа синот на Џек,на кого ке му го дадат името Карл-според таткото на Џек. Николас Старгел ја толкува улогата на Џек Портер во детството.

Џош Боумен ја игра улогата на Даниел Грејсон,најстариот син на семејството Грејсон.Поранешно момче кое сака да се забавува се додека не направи сообракајна несреќа во пијана состојба,што резултира со парализа на една млада девојка.Студент на универзитетот Харвард,а подоцна и бизнис партнер на Конрад.Тој длабоко се вљубува во Емили и по извесно време ја запросува.На нивната свршувачка тој е обвинет за убиството на Тајлор Берол,но подоцна е ослободен од обвинението.Неговата свршувачка со емили завршува на крајот на првата сезона кога дознава за бакнежот на Емили и Џек.Откако Конрад ке му ја раскаже на Даниел вистинската приказна за Дејвид Кларк,тој одбира да го поддржи татко му и да ја превземе компанијата наместо да ја открие вистината.Во втората сезона Даниел е во врска со Ешли и полека се оддалечува од татко му.Тој успева во превземањето на компанијата “GRAYSON GLOBAL”,несвесен за постоењето на организацијата “Americon Initiative”и за нејзината опасност. Откако ке ја најде Ешли во хотелска соба со еден од инвеститорите тој ја прекинува нивната врска,заплашувајќи го инвеститорот со уцена.Можно е тој повторно да се вљубува во Емили во исто време мразејќи го Ејдан за блискоста со неа.

Конор Паоло ја толкува улогата на Деклин Портер,помалиот брат на Џек Портер.За време на свршувачката забава тој и Шарлот,со која е во романтична врска,забележуваат човек со сина капа,за кој сметаат дека е вмешан во убиството.Деклин е шокиран кога открива дека тој човек е всушност неговиот брат.Кога обвинителството го повикува Деклин на судењето на Даниел,Шарлот се обидува да го заведе за да ја каже вистината,но тој одбира да го заштити Џек-открива дека Шарлот бил под дејство на седативи и алкохол ноќта кога Тајлор Барол е убиен,и кажува дека немало никаков човек,со што практично става крај на нивната врска.Откако станува пријателка со девојката по име Џејми,Шарлот ја обележува за одмазда,уште повеќе оддалечувајќи го поранешниот пар.Во втората сезона Деклин превзема поголема одговорност во барот и повторно станува пријател со Шарлот.

Криста Б. Ален ја толкува улогата на Шарлот Грејсон,најмладиот член на семејството Кларк и единствената ќерка на семејството Грејсон.Името и го дала Викторија по тетката на Дејвид Кларк.Таа е помладата полусестра на Даниел и Аманда.Има одлично академско досие и ,за разлика од поголемиот дел од Грејсонови, поседува силен морален компас.Верувајќи дека Конрад е нејзиниот татко,Шарлот е шокирана кога дознава дека таа всушност е резултат на афера помеѓу Викторија и Дејвид Кларк.Како последица на непријатностите во нејзиното семејство и крајот на врската со Деклин,Шарлот почнува да користи дрога.Таа е потиштена кога авионот на Викторија се урива,и се обидува да изврши самоубиство,но со текот на времето закрепнува и завршува со рехабилитацијата.Шарлот е единствената личност на која Викторија и открива дека го напуштила авионот пред да се урне.Таа се спријателува со својата полусестра Емили,но не го дознава нејзиниот вистински идентитет.Наместо тоа Емили бара од Аманда да биде поблиска со Шарлот.По барање на Емили Аманда и дава на Шарлот еден од дневниците на Дејвид Кларк,кој го открива посредството на Викторија во неговото неправедно обвинување.Шарлот постепено се спријателува со Деклин и покрај турбулентниот крај на нивната претходна романтична врска.

Бери Слоун ја толкува улогата на Ејден Матис.Ејден тренирал заедно со Емили под надзор на Такеда.Тие се сретнаа кога нивните мисии за потрага по руски разбојник се судрија.Ејден верувал дека тој човек е одговорен за изчезнувањето на неговата сестра,а додека Емили дејствувала под наредба на Такеда да го зароби.Откако ке го застрелаат разбојникот Ејден се враќа во треннг кампот на Такеда со Емили.Постепено Емили и Ејдан започнуваат романтична врска.И покрај тоа што и ветил на Емили дека ке ја поведе со себе,заминал без нејзе во потрага по нејзината сестра.Кога Гордон Марфи се обиде да ја убие емили,Ејдан го убива.Емили ги не ги прифаќа обидите на Ејден да се смират,но на крајот повторно ја разгореа искрата.Од тогаш споделиле многу моменти на нежност.Даниел незнаејќи за нивната завера работел со Ејден за да го замени неговиот татко како извршен директор на ‘GRAYSON GLOBAL’.Исто така тој го смета Ејден за соперник кој му пречи да дојде до вниманието на Емили.

Споредни улоги[уреди | уреди извор]

Џејмс Тупер ја толкува улогата на Дејвид Кларк,измамениот татко на Аманда и Шарлот.Тој се појавува само во сцените кои се однесуваат на спомени од минатото.Успешен извршен директор на фондот на ‘GRAYSON GLOBAL’,посветен татко на Аманда,тој имал врска со мажената Викторија Грејсон,по распадот на неговиот брак со Кара.После терористичкиот напад врз авион,Дејвид е обвинет за злосторството од страна на неговиот работодавец Конрад,заедно со Френк и колебливата Викторија,како и други лажни пријатели и колеги на кои тој им верувал.Тој бил уапсен и осуден на доживотен затвор за обвиненија за терористичка завера и масовно убиство.Гордон Марфи- член на “Americon Initiative”го прободува и убива Кларк за време на затворски бунт.Кларк во општеството важи за најомразениот човек во Америка,углед кој што неговата најстара керка е решена да го смени.Иако никогаш не ја среќава Шарлот,која што Викторија ја одгледа како ќерка на Конрад,Кларк се сомнева дека таа е всушност негова ќерка,поради тоа што викторија и го дала името на неговата тетка.

Маргарита Левиева ја толкува улогата на Аманда Кларк, родена како Емили Торн таа се спријателува со Аманда Кларк центарот за млади деликвенти и се согласува да го замени идентитетот со нејзиниот.Откако Френк ке се закани дека ке ја открие вистината,новата Аманда го убива во паника и и се јавува на Емили,која што ке ја донесе во нејзиниот дом во Хемптон.Иако таа ја смета Емили за сестра,Аманда е несигурна дека и Емили искрено се грижи за неа,и почнува да се чувствува искористена.Откако Аманда ке го пронајде телото на Тајлер на плажата,Такеда ја зема и ја тренира да биде пион на Емили.Во последната епизода од првата сезона Аманда се враќа бремена во Хемптон и ја продолжува нејзината врска со Џек.Несигурна околу татковството на нејзиното дете поради авантурата за една ноќ која ја имала откако си заминала од Хемптон,Аманда ја замолува Емили да се осигура дека тестот за татковство ке го покаже Џек како татко.Иако тоа навистина се случува, Емили тврди дека била принудена да го лажира тестот.Иако често е неодлучна,Амада вообичаено се согласува да и помогне на Емили.Таа е повредена во караница со Викторија,и не долго подоцна го раѓа нејзиниот син,Карл.Емили подоцна ја признава лагата и и се извинува на Аманда,која пак и се извинува за тоа што започнала врска со Џек иако знаела дека Емили има чувства за него.Иако Аманда сака му ја признае замената на идентитетите на Џек,Емили ја одвраќа од намерата,велејќи дека тоа само ќе му го скрши срцето.

Џенифер Џејсон Леј ја игра улогата на Кара Кларк Марфи,мајката на Емили Торн.Исто така ,во првата сезона,позната како Кара Вилкинс.Како последица на сериозна ментална болест,Кара е одговорна за тоа што нејзината ќерка Аманда за малку ке се удавела.Ужасната од сопствените постапки Кара ке го замоли Дејвид да и каже на Аманда дека таа е мртва.Тие се разделени две декади,и за тоа време Кара стапува во брак со Гордон Марфи.Несвесна за заментата на идентитетот Кара оди да ја види повредената Аманда во болница,каде што исто така се среќава со Емили,која себе си се претставува како кумата на Карл.Велејќи дека Кара може да претставува опасност за Карл,Емили и кажува на Аманда да ја оддалечи мајка и,но откако Кара ке попушти и ке побара прошка Аманда се согласува.Кара подоцна ја прашува Емили дали Аманда навистина и простила,на што Емили ке одговори:”Сака да ти прости”.

Амбер Валета ја толкуа улогата на Лидија Дејвис (во првата сезона),најдобрата пријателка на Викторија и поранешната секретарка на Дејвид Кларк.Откако е разоткриена нејзината афера со Конрад Грејсон,врската со Викторија и се распаѓа и тие стануваат далечни.Се претпоставува дека Лидија заѓинала во авионската несреќа во последната епизода од првата сезона.

Ештон Холмс ја толкува улогата на Тејлор Барол (првата сезона),најдобриот другар и цимер на факултет на Даниел Грејсон.Тој доаѓа во Хемптон за да се здобие со функција во “GRAYSON GLOBAL” заедно со Даниел.Се обидува да се поврзе со бизнис елитата во Хемптон.Има кратка врска со Ешли Девенпорт,но во неколку епизоди одржува сексуална врска со Нолан.Се чини дека Тајлер е заљубен во Даниел и се обидува да ја попречи неговата врска со Емили.Тој и Даниел се вклучуваат во натпревар за работа во “GRAYSON GLOBAL”.Подоцна во сезоната тој ја открива тајната на Емили и вистината за неправедното обвинување на Дејвид Кларк.Тој се обидува да го убие Даниел за да може да ја обвини Емили за неговата смрт,но е убиен од страна на Сатоши Такеда.Убиството на Тајлер и последователната истрага е главен свод на приказната за време на првата сезона.

Макс Мартини ја толкува улогата на Френк Стивенс,шеф на обезбедувањето на семејството Грејсон кој работел заедно со Конрад за да го обвини Дејвид Кларк за терористичкиот напад,подоцна убедувајќи ја Викторија да ја поддржи нивната верзија на настаните.Френк имал романтични чувства за Викторија,и токму тоа заедно со губењето на довербата која Конрад ја имал во него,било причина Конрад да го отпушти Френк.Френк на крај ја откри вистината за Емили но беше убиен од страна на Аманда пред да извести било кого,оставајќи ја Викторија со само една трага:”Емили Торн не е онаа што тврди дека е .”

Хироуки Санада и Кери-Хироуки Тагава ја толкуваат улогата на Сатоши Такеда,моќен извршен директор во Јапонија и поранешен ментор на Емили во нејзината потрага по одмазда.Во втората сезона Тагава ја превзеде улогата од Санада кој не беше во можност да продолжи поради судири во неговиот распоред.

Брајан Годмен ја толкува улогата на Карл Портер,таткото на Џек и Деклин кој умира во првата сезона.Тој ретко се појавува и тоа во сцени на спомени,каде што е откриено дека тој помогнал да се прикрие убиството на човек кој му се заканувал,што во крајна линија има влијание врз неговиот син Џек.

Роџер Барт ја толкува улогата на Лео Мејсон Тредвел,познат автор кој ја интервјуираше Емили како мала и беше потплатен од Грејсонови да пишува лаги во неговата книга за Дејвид Кларк.За време на судењето на Даниел ,Мејсон се враќа да напише блог.Емили манипулира со него,и го наведува да пријави дека Аманда го убила Тајлер и дека изјавата на Шарлота за тоа дека Џек бил на плажата е лажна.Во втората сезона тој се враќа да ја открие вистината за Дејвид Кларк и сите вмешани во таа приказна.

Џејмс Морисон ја толкува улогата на Гордон Марфи (често именувам како “Човекот со бела коса”),активист на “Americon Initiative”,исто така и соучесник на Конрад.Тој е виновен за убиството на Дејвид Кларк и Ли Моран.Емили е решителна да го најде Марфи за да го убие.Откако Емили ќе го поштеди тој го уништува авионот со кој Викторија планирала да лета.Тој и помага на Викторија да ја лажира сопствената смрт но нивното партнерство не трае долго.Него го убива Ејден Метис,кога ке се обиде по втор пат да ја убие Емили,Марфи беше во Брак со Кара Кларк ,мајката на Емили.

Дилшад Ватсарија ја толлува улогата на Падма Лахари,вработена во “NOLCORP” ,од страна на Нолан, како новиот CFO.Тие се во врска но врската им станува напната откако Падма ке се обиде да ја открие вмешаноста на Дејвид во создавањето на компанијата.

Вилијам Девон ја игра улогата на Едвард Грејсон,претседател на одборот на “GRAYSON GLOBAL”,поранешен основач и првиор извршен директор на компанијата,таткото на Конрад.Тој е посветен на заштитата на империјата и статусот на семејното име.

Адриане Барбеу ја толкува улогата на Марион Харпер,мајката на Викторија која очигледно ја научила Викторија како да брка мажи,и која Викторија ја презира поради тоа што била запоставувана во детството.

Мајкл Нардели ја толкува улогата на Треј Ченлер,богато момче од училиштето “COLLINS”,кој сака да го искористи Деклин.

Џ.Р.Борн ја толкува улогата на Кели Рајан.

Венди Кресон ја толкува улогата на Хелен Кроули,член на “Americon Initiative”.

Е.Џ.Бонила ја толкува улогата на Марко Ромеро,поранешниот финансиски директор на “NOLCORP”.Откриено е дека тој имал романтична врска со Нолан во текот на многу години,се до 2006 година.

Мајкл Труко ја толкува улогата на Нејт Рајан.

Џамал Даф ја толкува улогата на Големиот Ед,телохранителот на Нолан,кој го најмил поради заканите добиени од Френк. CCH Pounder ја толкува улогата на Варден Шарон Стилс, чувар во центарот за млади делквенти,каде што порано престојувала Емили.Подоцна е откриено дека таа работела за Емили.

Џејмс Мек Кафреј ја толкува улогата на Рајан Хантли,адвокатот кој ја застапувал Викторија при разводот со Конрад.Тој и помогнал неа во неколку илегални дејства,за да се спушти позицијата на Конрад во разводната спогодба.Губитокот на доверба помеѓу нив доведе до тоа Викторја на крај да го отпушти.Тој исто така беше одбранбен адвокат на Дејвид Кларк.Иако во почетокот изгледаше како потенцијална мета на Емили,подоцна се откри дека всушност работел за неа,верувајќи цело време дека Кларк е невин.

Дерик Реј ја толкува улуогата на Ли Моран(во првата сезона),сојузник на Викторија која ќе го најми за да ги врати назад снимките на Мејсон Тредвел кои биле во сопственост на Аманда.Викторија подоцна го најмува него да испланира напад врз Даниел во затворот, со цел да го убеди судијата Хатхорн да овозможи Даниел да биде ослободен.Емили ќе го намести дека тој е убиецот на Тајлер,и ќе биде убиен во затворот од страна на Гордон Марфи.

Џејмс Пурефој ја толкува улогата на Доминик Рајт,сликар и стар лјубовник на Викторија пред таа да се омажи за Конрад.Тие ја обновуваат нивната врска за време на судењето на Даниел , иако Конрад подоцна му се заканува со цел тој повторно да замине од животот на Викторија.

Тес Харпер ја толкува улогата на Карол Лин Милер,поранешна секретарка во “GRAYSON GLOBAL”,а воедно и тетка на Нолан.Милер истражува во GRAYSON GLOBAL со цел да најде доказ за невиноста на Дејвид Кларк,но пред тој да биде информиран за овие докази тој бил убиен од страна на непознат човек со бела коса кој бил помошник на семејството Грејсон.После тоа,Нолан ја лажираше нејзината смрт.Емили дознава за Милер преку дневник кој недостасувал во нејзината кутија и се прикажува како домашно обезбедување за да зборува со Лин за нејзината улога во падот на Кларк.Милер подоцна ке и се спротивстави на Емили поради нејзината желба да го убие Гордон Марфи,велејќи дека нејзиниот татко никогаш не би се согласил на тоа.

Втората сезона на ‘Одмазда’ ќе има нови протагонисти,вклучувајќи ја бившата жена и децата на Конрад,мајката на Викторија и луѓе од минатото на Емили,Аманда и Нолан,како и мајката на Емили.

Развој и продукција[уреди | уреди извор]

Во јануари 2011 година АВС напиша сценарио за пилот епизодата на “Одмазда”.Во март 2011 година,на актерката Емили Ван Камп и беше дадена главната улога, и кратко после тоа беше објавено дека Ешли Мадеке ке има улога во серијата.Меделин Стоу и Хенри Зерни исто така се приклучија во серијата.Макс Мартин и Роби Амел ги толкуваа улогите на Френк Стивенс,приватен детектив,и Адам,богат студент чии амбиции се да студира на Јеил.Џејмс Тупер го замени Марк Блукас во улогата на таткото на Емили,одкако Блукас бил принуден да се откаже поради неговите обврски кон серијата “Неопходна грубост”.Исто така ѕвездата на хит серијата “Озборувачка” ,Конор Паоло, беше избран за постојана улога во серијата за ликот на Деклин Портер.Поранешната ѕвезда на серијата “Никита”,го доби ликот на Тајлер Берол,колега од Харвард на Даниел Грејсон.

На 13 Мај 2011 година АВС го подигна проектот на ниво на серија.На 17 Мај 2011 АВС објави дека серијата ке се емитува во среда навечер во 10 часот според Источно /9 часот попладне според Централно време,започнувајќи со есенската сезона во 2011.

Прием[уреди | уреди извор]

На оваа серија главно и се дадени позитивни критики,со вкупен резултат од 8.3/10,според 33 349 корисници на IMDB,и 66/100 според 20 медиумски критики на Metacritic.Дороти Рабиновиц од The Wall Street Journal ja пофали серијата,пишувајќи:”Пристигнувањето на една чиста и неизменета драма за страста,стара колку и човештвото е нешто што треба да се прослави.Тоа посебно важи кога таа драма е толку маѓична на еден задоволувачки,шарен начин,каква што всушност се покажа дека е серијата”,притоа упатувајќи посебни пофалби за актерката Ван Де Камп за “за смешната и целосно рекласирачка изведба за уживање. ”Петтата епизода од серијата предизвика посебно воодушевување,при што Ц.Орландо од TV Fanatic напишал”Одмазда ги однесе работите на потполно ново ниво оваа недела”,упатувајќи со посебна белешка на местењето на Дејвид Кларк”Викторија е изгледа единствената која што има совест”.Yahoo TV ја спомна серијата на листата на топ телевизиски програми во 2011. Серијата се појави на насловната страница на Parade,Entretaiment Weekly и TV Guide, и беше објавена во списанијата Rolling Stone,Vanity Fair,Vogue,People,US Weekly,Cosmopolitan,Seventeen и Teen Vouge.


На 10 мај 2012 година АВС објави дека ке се снима втора сезона на “Одмазда”.Весникот The Hollywood Reporter објави дека “Одмазда”е една од првите серии која добила “печат на одобрение” од претседателот на АВС Entretaiment Пол Ли,кој го нарекува шоуто “секси и заразно”,како што рекоа критичарите во јануари “едноставно сакате повеќе”.

Рејтинг[уреди | уреди извор]

Пилот епизодата достигна рејтинг од 3.3 според Nielsen листата,кај демографската категорија на возраст од 18 до 49 години,и 10.02 милиони гледачи,освојувајќи го терминот во 10 часот попладне наспроти сериите “Истрага на местот на злосторството” и ”Закон и ред”Објавено е дека “Одмазда”е највисоко рангираната телевизиска серија на АВС,после завршувањето на “Изгубени”.На 22 Октомври 2011 година беше забележано дека “Одмазда” постојано го освојува терминот кај демографские категории на возраст од 18-34 и 18-49,пред сериите ”Истрага на местото на злосторството” и ”Закон и ред”.

После приближно два месеци пауза од 29 фебруари 2012 ”Одмазда” се врати на екраните на 18 април 2012 и го освои првото место на Nielsen листата,освојувајќи го терминот наспроти секоја друга телевизија поставувајќи се на првото место според вкупниот број на гледачи на возраст од 18-49 и 25-54.Оваа серија ја премина во гледаност и специјалната епизода на серијата “Закон и ред”,која се емитува на NBC,со +33 % од вкупните гледачи, на возраст од 18-49 +53%,на возраст од 25-54 +45%,и од година во гоина остваруваше се поголема гледаност од аспект на вкупни гледачи (+81%),на возраст 18-49 +35%,и на возраст од 25-54 +38%,издигнувајќи се над водечката програма од истата ноќ во минатата година.На 25 апрл 2012 година “Одмазда ” го освои терминот последователно две недели,кога епозодите беа прворангирани на Nielsen листата,помеѓу вкупните гледачи,гледачи на возраст од 18-49,18-34 и 25-54.

Во просек “Одмазда” е најгледаната серија на АВС телевизиската мрежа,во среда во 10 часот попладне по повеќе од 5 години од завршувањето на серијата “Изгубени” ,за време на телевизиската сеозна 2006-07 година.

Сезона Термин (ET) # Еп. Почеток Крај ТВ сезона Ранг Гледачи
(во милиони)
Датум Прва епизода
Гледачи
(во милиони)
Датум Последна епизода
Гледачи
(во милиони)
1
Среда 10:00 PM
22
21 септември 2011
10.02[8]
23 мај 2012
7.85[9] 2011–12 #56 8.72[10]
2
Недела 9:00 PM
22
30 септември 2012
9.74[11]
12 мај 2013
6.12[12] 2012–13 #32 8.87[13]
3
Недела 9:00 PM
(епизоди 1 - 13)
Недела 10:00 PM
(епизоди 14 - 22)
22
29 септември 2013
8.11[14]
11 мај 2014
4.87[15] 2013–14 #39 8.44[16]
4
Недела 10:00 PM
23[17]
28 септември 2014
5.14[18]
10 мај 2015
4.80[19] 2014–15 #83 6.74[20]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Revenge is a dish best served with soap“, „Star Tribune“, 29 септември 2012 (конс. 2 април 2014 г).
  2. Andreeva, Nellie (7 март 2011). „Emily VanCamp Set As The Lead In ABC's Revenge & Other Pilot Castings“. Deadline.com. http://www.deadline.com/2011/03/emily-vancamp-gets-the-lead-in-abcs-revenge-other-pilot-castings/. конс. 6 септември 2011 г. 
  3. Ausiello, Michael (13 октомври 2011). „Breaking: ABC Orders Full Seasons of Revenge and Suburgatory“. TVLine. http://www.tvline.com/2011/10/abc-revenge-suburgatory-full-season. конс. 13 октомври 2011 г. 
  4. Gorman, Bill (13 октомври 2011). „A Growing ABC Wins Wednesday in Adults 18-49; 'Revenge' is Up to Win at 10pm“. TV by the Numbers. http://tvbythenumbers.zap2it.com/2011/10/13/a-growing-abc-wins-wednesday-in-adults-18-49-revenge-is-up-to-win-at-10pm/107175/. конс. 10 мај 2012 г. 
  5. „Ratings — ABC's "Revenge" Wins at 10pm with its 2nd-Highest-Ever Adults 18-49 Rating“. TheFutonCritic.com. 2 ноември 2011. http://www.thefutoncritic.com/ratings/2011/11/03/abcs-revenge-wins-at-10pm-with-its-2nd-highest-ever-adults-18-49-rating-188304/20111103abc01/. конс. 10 мај 2012 г. 
  6. „ABC Produces its Top-Rated November Sweep Opening Wednesday in 4 Years — Ratings | TVbytheNumbers“. Tvbythenumbers.zap2it.com. 3 ноември 2011. http://tvbythenumbers.zap2it.com/2011/11/03/abc-produces-its-top-rated-november-sweep-opening-wednesday-in-4-years/109518/. конс. 10 мај 2012 г. 
  7. Wagner, Curt (15 декември 2011). „Golden Globe TV nominations: Hits, misses, who cares?“. Chicago Tribune. архивирано од оригиналот на 14 јануари 2012. https://web.archive.org/web/20120114163942/http://www.salon.com/2011/12/15/golden_globe_nominations_for_actress_in_a_tv_drama/. конс. 15 декември 2011 г. 
  8. Seidman, Robert (22 септември 2011). „Wednesday Final Ratings: ‘The X Factor,’ ‘Modern Family,’ ‘The Middle,’ And Others Adjusted Up; ‘Revenge’ Adjusted Down — Ratings“. TV by the Numbers. http://tvbythenumbers.zap2it.com/2011/09/22/wednesday-final-ratings-the-x-factor-modern-family-the-middle-revenge-and-others-adjusted-up/104596/. конс. 10 мај 2012 г. 
  9. Kondolojy, Amanda (24 мај 2012). „Wednesday Final Ratings: 'Idol', 'Modern Family', & 'SVU' Adjusted Up, 'Apt 23' Adjusted Down“. TV by the Numbers. http://tvbythenumbers.zap2it.com/2012/05/24/wednesday-final-ratings-idol-modern-family-svu-adjusted-up-apt-23-adjusted-down/135606/. конс. 15 август 2012 г. 
  10. Gorman, Bill (24 мај 2012). „Complete List Of 2011-12 Season TV Show Viewership: 'Sunday Night Football' Tops, Followed By 'American Idol,' 'NCIS' & 'Dancing With The Stars'“. TV by the Numbers. http://tvbythenumbers.zap2it.com/2012/05/24/complete-list-of-2011-12-season-tv-show-viewership-sunday-night-football-tops-followed-by-american-idol-ncis-dancing-with-the-stars/135785/. конс. 25 мај 2012 г. 
  11. Bibel, Sara (1 октомври 2012). „TV Ratings Sunday: 'Once Upon A Time' Top Scripted Show, 'Revenge' Strong in New Time Period, 'The Good Wife', 'Family Guy' & 'The Mentalist' Down, '666 Park' Debuts Low“. TV by the Numbers. http://tvbythenumbers.zap2it.com/2012/10/02/sunday-final-ratings-once-upon-a-time-the-simpsons-bobs-burgers-adjusted-up-666-park-avenue-60-minutes-adjusted-down-final-football-numbers/150988/. конс. 1 октомври 2012 г. 
  12. Kondolojy, Amanda (14 мај 2013). „Sunday Final Ratings: 'Survivor', 'Once Upon a Time', 'The Simpsons' & 'Revenge' Adjusted Up“. TV by the Numbers. http://tvbythenumbers.zap2it.com/2013/05/14/sunday-final-ratings-survivor-once-upon-a-time-the-simpsons-revenge-adjusted-up/182603. конс. 14 мај 2013 г. 
  13. Patten, Dominic (23 мај 2013). „Full 2012-2013 TV Season Series Rankings“. Deadline. http://www.deadline.com/2013/05/tv-season-series-rankings-2013-full-list/. конс. 24 мај 2013 г. 
  14. Bibel, Sara (1 октомври 2013). „Sunday Final Ratings: 'The Simpsons' & 'Bob's Burgers' Adjusted Up; 'Revenge' Adjusted Down“. TV by the Numbers. http://tvbythenumbers.zap2it.com/2013/10/01/sunday-final-ratings-the-simpsons-revenge-adjusted-down/206013/. конс. 1 октомври 2013 г. 
  15. Bibel, Sara (13 мај 2014). „Sunday Final Ratings: 'Once Upon a Time', 'American Dad' & 'America's Funniet Home Videos' Adjusted Up; 'Revenge', 'Cosmos' & 'Dateline' Adjusted Down“. TV by the Numbers. http://tvbythenumbers.zap2it.com/2014/05/13/sunday-final-ratings-once-upon-a-time-american-dad-revenge-cosmos-dateline-adjusted-down/263313/. конс. 13 мај 2014 г. 
  16. „Full 2013-2014 TV Season Series Rankings“. Deadline. 23 мај 2014. http://www.deadline.com/2014/05/tv-season-series-rankings-2013-full-list-2. конс. 24 мај 2014 г. 
  17. „ABC's 'Revenge' season 4 spoilers: Emily VanCamp, a party, and other premiere details“. CarterMatt.com. http://cartermatt.com/131749/abcs-revenge-season-4-spoilers-emily-vancamp-party-premiere-details/. конс. 4 октомври 2014 г. 
  18. Andreeva, Nellie (13 октомври 2014). „Premiere Week Live+7 Ratings: NBC, CBS Win Network Race, ‘Gotham’, ‘How To Get Away With Murder’ Lead DVR Gains“. Deadline. http://deadline.com/2014/10/how-to-get-away-with-murder-gotham-ratings-premiere-week-seven-day-850005/. конс. 13 октомври 2014 г. 
  19. Bibel, Sara (12 мај 2015). „Sunday Final Ratings: 'Once Upon A Time' & 'Brooklyn Nine-Nine' Adjusted Up“. TV by the Numbers. http://tvbythenumbers.zap2it.com/2015/05/12/sunday-final-ratings-once-upon-a-time-rooklyn-nine-nine-adjusted-up/402844/. конс. 12 мај 2015 г. 
  20. „Full 2014-15 TV Season Series Rankings: Football & ‘Empire’ Ruled“. Deadline. 22 мај 2015. http://deadline.com/2015/05/2014-15-full-tv-season-ratings-shows-rankings-1201431167/. конс. 23 мај 2014 г. 

Надворешни линкови[уреди | уреди извор]