Одликуван (Мопасан)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Одликуван“ (француски: Décoré!) — расказ на францускиот писател Ги де Мопасан, првпат објавен на 13 ноември 1883 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Александар Сакреман уште од детството има огромна желба да биде одликуван со некој орден. Меѓутоа, тој нема никаква способност за да го заслужи одликувањето, дури не успеал да ја положи ни матурата. Со посредство на пратеникот Рослен, тој поднесува молба за одликување при што почнува да пишува разни бесмислени предлози од областа на народната просвета, со надеж дека тоа ќе биде доволна причина за да го заслужи одликувањето. За да му помогне, Рослен го испраќа во разни градови за да работи нешто по библиотеките. Еднаш, доцна во ноќта, тој решава да се врати дома, но ја затекнува сопругата заклучена. Најпосле, кога успева да влезе внатре, тој наоѓа туѓ капут накитен со орден. Тогаш, сопругата му објаснува дека тој веќе е одликуван, но сè уште не е известен за тоа, а таа имала намера да го изненади. Всушнот, капутот му припаѓа на Рослен, кој е скриен во гардероберот. Една недела подоцна, Сакреман навистина добил орден.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Одликован“ во: Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 236-243.