Облакодер „Истанбулски Сафир“
| Истанбулски Сафир | |
|---|---|
A view of the tower from Büyükdere Avenue | |
![]() | |
| Општи податоци | |
| Статус | отворен |
| Вид | Станбен |
| Место | Улица Бујукдере, Левент, Истанбул, Турција |
| Координати | 41°5′6.28″N 29°0′21.96″E / 41.0850778°N 29.0061000°E |
| Отворена | 4 март 2011[1] |
| Трошок за изградба | US$150,000,000 |
| Висина | |
| Антена | 261 м (856 ст) |
| Покрив | 238 м (781 ст) |
| Технички податоци | |
| Катови | 54 (над земја) 10 (под земја) 64 (вкупно) |
| Подна површина | 165,139 m2 (1,777,540 sq ft)[2] |
| Проектирање и изградба | |
| Архитект | Tabanlıoğlu Architects |
| Изведувач | Kiler GYO |
| Наводи | |
| [3] | |
Истанбулски Сафир — облакодер кој се наоѓа во централната деловна област Левент, во Истанбул, Турција. Од 2016 година, ова е највисоката зграда во Истанбул и Турција. Истанбулски Сафир била четврта највисока зграда во Европа кога нејзината изградба била завршена во 2010 година[3] и прв еколошки облакодер на земјата. Објектот има 54 спрата над нивото на земјата, од кои 47 спрата од објектот се наменети за станбена употреба[3], голем паркинг простор, трговски центар итн. Објектот може да се пофали со висина од над 238 метри надморска височина, додека зградата има целокупна конструктивна висина од 261 метри, вклучувајќи го и неговиот штит, кој е дел од дизајнот, а не радио антена[3]
Објектот бил дизајниран од страна на компанијата Табанлиоглу, и денеска се состои од луксузни продавници и деловни простории, а е управувана од компанијата Kiler GYO[3].Во близина на облокадерот поминува Европскиот пат Е80 и мостот Фатих Султан Мехмет. Зградата има директен пристап до станицата на метрото во Левент на улицата Бујукдере, во реонот на Шишли.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Emlak Haberleri: "Istanbul Sapphire 4 Mart'ta açılıyor"“. Архивирано од изворникот на 2011-03-08. Посетено на 2018-05-02.
- ↑ „Sapphire Tower“. Skyscraper Center. CTBUH. Посетено на 14 November 2017.
- 1 2 3 4 5 Emporis: Istanbul Sapphire
