Обична штипалка
Изглед
| Обична штипалка | |
|---|---|
| Научна класификација | |
| Царство: | Животни |
| Колено: | Хордати |
| Наткласа: | Коскени риби |
| Класа: | Зракоперки |
| Поткласа: | Новоперки |
| Инфракласа: | Целокоскени риби |
| Надред: | Ostariophysi |
| Ред: | Cypriniformes |
| Натсемејство: | Cobitoidea |
| Семејство: | Cobitidae |
| Потсемејство: | Cobitinae |
| Род: | Cobitis |
| Вид: | C. taenia |
| Научен назив | |
| Cobitis taenia Linnaeus, 1758 | |
Обичната штипалка или Cobitis taenia е честа слатководна риба во Европа и Азија. Таа е типски вид на родот Cobitis (штипалки) и фамилијата Cobitidae.
Поседува издолжено, странично сплескано тело покриено со ситни крлушки. Има релативно висока глава во однос на телото. Устата е долна, месеста. Има три пара мустаќи, од кои два пара се поставени на врвот од устата. Телото на штипалката е со жолтопортокалова боја, а од горната страна е покриено со темносиви до црнокафеави флеки со различна големина. Бојата на стомачната страна е жолто-црвеникава. Очите се мали, по боја се жолтеникави и поставени високо над главата. Под секое око се наоѓа по еден трновиден израсток, кој на крајот се разгранува на два дела.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Обична штипалка“ на Ризницата ? |
| „Cobitis taenia“ на Викивидовите ? |
- Обична штипалка (руски)
- Опис на рибата Архивирано на 11 јануари 2012 г. (руски)