ОУ „Борис Трајковски“ - Моноспитово
Борис Трајковски | |
|---|---|
Поглед на училиштето | |
| Место | |
| Општина: | Општина Босилово |
| Наречено по: | Борис Трајковски |
| Нас. место: | Моноспитово |
| Адреса: | с. Моноспитово |
| Местоположба | |
| Основни информации | |
| Основано: | 2012 |
| Настава на: | македонски |
| Контактни информации | |
| Е-пошта | oouboristrajkovski@gmail.com |
| Телефон | 034/611-717 |
| Факс | нема |
Основно училиште „Борис Трајковски“ (официјално: Основно општинско училиште „Борис Трајковски“ - Моноспитово; скратено: ООУ „Борис Трајковски“) — централно основно училиште во струмичкото село Моноспитово, Општина Босилово.[1]
Училиштето е именувано по македонскиот претседател Борис Трајковски.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Училиштето е сместено надвор од селото, на локалниот пат кој води до селото Еднокуќево.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Училишниот објект бил изграден во 2006 година и тогаш работело како подрачно училиште на основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ од Иловица. Во 2012 година добило статус на централно основно училиште.[2]
Објект
[уреди | уреди извор]Училиштето е изградено од тврд материјал со посебен влез за учениците од прво одделение и посебен влез за другите одделенија. Поседува еден кабинет и 8 училници, како и други простории. Затоплувањето на училиштето се врши со парно греење.[2]
Подрачни училишта
[уреди | уреди извор]Во составот на училиштето влегува следново подрачно училиште:
- ПУ „Борис Трајковски“ - Бориево, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик.
Настава
[уреди | уреди извор]Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува на македонски наставен јазик. Училиштето ги опфаќа учениците од Моноспитово и од Бориево, каде има подрачно училиште со настава до петто одделение.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Влезот
- Спортско игралиште
- Биста на Борис Трајковски во дворот
- Спортско игралиште
- Училиштето во 2017 г.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Архивирано од изворникот на 2025-06-16. Посетено на 2024-12-02.
- 1 2 3 4 „Годишна програма за работа на ООУ „Борис Трајковски" - Моноспитово за учебната 2022/2023 година“ (PDF). Општина Босилово. Архивирано од изворникот (PDF) на 2026-05-10. Посетено на 6 октомври 2025.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
ОУ „Борис Трајковски“ - Моноспитово на Ризницата ?

