ОУ „Његош“ - Колонија Идризово
Његош | |
|---|---|
| Место | |
| Општина: | Општина Гази Баба |
| Наречено по: | Петар Петровиќ-Његош |
| Нас. место: | Колонија Идризово |
| Адреса: | ул. „2-а“, бр. 18, с. Колонија |
| Местоположба | |
| Основни информации | |
| Основано: | 1952 |
| Настава на: | македонски и албански |
| Контактни информации | |
Основно училиште „Његош“ (официјално: Основно општинско училиште „Његош“ - Колонија; скратено: ООУ „Његош“) — централно основно училиште во скопското село Колонија, Општина Гази Баба.[1]
Училиштето е именувано по црногорскиот владика и владетел Петар Петровиќ-Његош.
Историја
[уреди | уреди извор]Училиштето било изградено во 1952 година. Училишната зграда е сместена во населеното место Колонија Идризово и претставува градежен објект од цврста градба која одговара на својата намена. Функцијата на соодветен објект ја надополнуваат спортските терени и пошироките зелени површини.
Организација
[уреди | уреди извор]Реонот на училиштето ја опфаќа територијата на месната заедница Колонија Идризово, Јурумлери, Идризово, Гоце Делчев, Дрма и Дунек.
Училиштето располага со околу 3000 м2 училиштен простор. Наставата во училиштето се изведува на македонски и албански наставен јазик.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Архивирано од изворникот на 2025-06-16. Посетено на 2024-12-05.
- ↑ „Основни училишта - Општина Гази Баба“. www.gazibaba.gov.mk. Архивирано од изворникот на 2018-10-18. Посетено на 2018-11-30.
