Нодар Кумариташвили

Од Википедија — слободната енциклопедија
Нодар Кумариташвили
Роден Нодар Кумариташвили
(ნოდარ ქუმარიტაშვილი)
25 ноември 1988[1]
Боржоми, Грузиска ССР
Починал 12 февруари 2010
Вислер, Канада
Занимање санкач
Висина1,79 м
Маса80 кг

Нодар Кумариташвили (грузиски: ნოდარ ქუმარიტაშვილი; роден на 25 ноември 1988 во Боржоми - починал на 12 февруари 2010 во Вислер) бил грузиски санкач. Својата кариера ја започнал во 2008 година. Тој починал во несреќа, која ја имал на тренинг, неколку часа пред церемонијата на свеченото отворање Зимските олимпсики игри во Ванкувер.[2] Тој е четвртата жртва за време на подготовките за настап на Зимските олимписки игри.

Несреќа и смрт[уреди | уреди извор]

Место на несреќата
Поштенска марка на Грузија, посветена на Нодар Кумариташвили

Кумариташвили се квалификувал за настап на поединечниот натпревар во санкање на Зимските олимписки игри 2010. На 12 февруари, тој се повреди на тренингот одржан на патеката за боб и санкање во Вислер, излетувајќи од патеката и удирајќи со главата во челичен столб.[3][4] За време на несреќата, тој се движел со брзина од 144,3 км/ч[3].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Nodar Kumaritashvili - Luge Athletes : Vancouver 2010 Winter Olympics“. МОК. Архивирано од изворникот 2010-02-12. Посетено на 2010-02-13.
  2. На ЗОИ почина грузиски санкаш[мртва врска], Форум, 12 февруари 2010
  3. 3,0 3,1 ZINSER, LYNN (12 февруари 2010). „Luge Athlete Killed in Training Crash at Olympics“. New York Times. Посетено на 12 февруари 2010.
  4. „Officials perform CPR after luger wrecks“. ESPN. 12 февруари 2010. Посетено на 12 февруари 2010.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]