Неферкаре II

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Неферкаре II
Картуш на Неферкаре II од Кралскиот список од Абидос.
Фараон на Египет
ВладеелНепознато, Осма династија
ПретходникМенкаре
НаследникНеферкаре Неби

Неферкаре II бил антички египетски фараон од Осмата династија за време на раниот Прв среден период (2181–2055 п.н.е.). Според египтолозите Ким Рихолт, Јирген фон Бекерат и Дарел Бејкер тој бил третиот крал на Осмата династија.[1][2] Како фараон на Осмата династија, главен град на Неферкаре II бил Мемфис.

Потврда[уреди | уреди извор]

Неферкаре II е потврден само преку неговото име, кое било дадено на 42-от влез на Кралскиот список од Абидос. Кралскиот список од Абидос бил создаден околу 900 години по Првиот среден период за време на владеењето на Сети I. Друг кралски список од XIX династија, торинскиот канон има голема лакуна што влијае врз многу кралеви од Осмата династија, а времетраењето на владеењето на Неферкаре II, што било пријавено на документот, е изгубено.[2]

Идентитет[уреди | уреди извор]

Јирген фон Бекерат привремено го идентификувал Неферкаре II со името Ваџкаре („Процветан е ка на Ра“), што е потврдено на графит од Вади Хамамат од времето на Првиот среден период. Оваа идентификација навидум е отфрлена од Бејкер, кој не споменува никаква потврда за Неферкаре II, освен на кралскиот список од Абидос, додека Томас Шнајдер го поврзува Ваџкаре со Неферкаре II или Нефериркаре II.[2][3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Kim Ryholt: "The Late Old Kingdom in the Turin King-list and the Identity of Nitocris", Zeitschrift für ägyptische, 127, 2000, p. 99
  2. 2,0 2,1 2,2 Darrell D. Baker: The Encyclopedia of the Pharaohs: Volume I - Predynastic to the Twentieth Dynasty 3300–1069 BC, Stacey International, ISBN 978-1-905299-37-9, 2008, p. 265
  3. Thomas Schneider: Lexikon der Pharaonen, Albatros, Düsseldorf 2002, ISBN 3-491-96053-3.