Прејди на содржината

Неорганска киселина

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Неоргански киселини)

Неорганска киселина (или минерална киселина) — киселина добиена од едно или повеќе неоргански соединенија. Сите овие киселини образуваат водородни јони и конјугираната база кога ќе се растворат во вода.

Особености

[уреди | уреди извор]

Најзастапени неоргански киселини се сулфурната (H2SO4), солната (HCl) и азотната киселина (HNO3).[1] Се разликуваат по јачина од суперкиселини (на пр. перхлорна киселина) до многу слаби (на пр. борна киселина). Неорганските киселини се многу лесно растворливи во вода и нерастворливи во органски растворачи.

Неорганските киселини се користат во разни области на хемиската индустрија како суровини за синтеза на други хемикалии, било органски или неоргански. Големи количества на овие киселини (особено сулфурната, азотната и солната) се произведуваат за стопански потреби во големи погони.

Ваквите киселини се наоѓаат примена и заради нивните корозивни својства. На пример, разредената солна киселина се користи за отстранување бигор од котли и бојлери, притоа внимавајќи да не се нагризе самиот сад. Овој процес се нарекува одбигорување.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Boyd, Claude E. (2020). „Acidity“. Water Quality: 215–231. doi:10.1007/978-3-030-23335-8_11. ISBN 978-3-030-23334-1. S2CID 243255016 Проверете ја вредноста |s2cid= (help).