Нена

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нена на концерт во Минхен 2013 година

Габриеле Сузан Кернер (германски: Gabriele Susanne Kerner, Хаген, 24 март 1960 година), подобро позната само како Нена, е германска пејачка и актерка.

Кариера[уреди | уреди извор]

Таа е родена на 24 март 1960 година во Хаген, Германија. Раното детство се поминала во Брекерфелд .

Прекарот Нена го добила врз основа на шпанскиот збор Ниња, што значи девојка (niña), кога таа била на одмор во Шпанија со нејзините родители. [1] [2] [3] Во 1977 година таа го напуштила средното училиште пред матурата.

Таа ја стекнала светската слава во 1983 година со песната 99 Luftballons (македонски: 99 балони), со која пратила порака против Студената војна. Песната во 1984 година во САД имала златен тираж за продажба со повеќе од 500 000 примероци. Снимена е на англиски јазик како 99 Црвени балони, [4] Нена е и името на групата со која ја објавила истата песна.

Бидејќи Нена никогаш подоцна немала толку голем хит, песната било често вклучена на врвот на листата на „Чуда од еден хит“ (англиски: One Hit Wonder). Таа има продадено околу 25 милиони албуми низ целиот свет, и на тој начин е еден од најуспешните уметници во германската музичка историја. [5] Во 2007 година го отворила приватното училиште за деца во Хамбург. [6]

Двапати се омажила и родила пет деца (едно дете умрело со 11 месеци). [7] Има двајца внуци и живее во Хамбург. [8] [9] [10]

Албуми[уреди | уреди извор]

Со бендот The Stripes

  • 1980: The Stripes

Нена (бенд)

  • 1983: Нена
  • 1984? (Fragezeichen)
  • 1985: Feuer und Flamme
  • 1986: Eisbrecher

Нена (како соло изведувач)

  • 1989: Wunder gescheh'n
  • 1992: Bongo Girl
  • 1994: Und alles dreht sich
  • 1997: Jamma nich '
  • 1998: Wenn alles richtig ist, danst stimmt беше ништо
  • 2001: Chokmah
  • 2002: Nena feat. Nena
  • 2005: Willst du mit mir geh'n?
  • 2007: Cover Me
  • 2009: Made in Germany
  • 2012: Du bist gut

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Filmnews: Stars · Premieren · Filme · KINO.de[[:Шаблон:Ботовски наслов]]“. Архивирано од изворникот на 08. 01. 2014. конс. 08. 01. 2014.  Wikilink embedded in URL title (помош)
  2. nena - traducción de alemán - Diccionario Español-Alemán de bab.laШаблон:Ботовски наслов
  3. http://lema.rae.es/drae/?val=nena
  4. „Nena (Biography on Pandora)“. конс. 8. 1. 2014.. 
  5. „Interview auf Newethics + Biografie“. Архивирано од изворникот на 08. 09. 2012. конс. 08. 01. 2014. 
  6. MTS Mondo:Nemačka pevačica Nena otvorila privatnu školu, Приступљено 8. 1. 2014.
  7. Nena Kerner and Claudia Thesenfitz (2005). Willst du mit mir gehn. Lübbe. стр. 182. 
  8. „Nena is for the first time a grandmother“ (German). 30. 12. 2009. конс. 8. 1. 2014.. 
  9. „Zwillinge machen Nena zur Doppeloma“ (German). Die Welt. 12. 1. 2010. конс. 8. 1. 2014.. 
  10. „Nena becomes a grandmother, again“. The Local. 12. 1. 2010. конс. 8. 1. 2014.. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]