Неда Бакевска Виљалба

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Неда Бакевска Виллалба)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Неда Бакевска Виљалба
Роден(а)5 октомври 1974
Скопје, СР Македонија СР Македонија
Починал(а)20 декември 2015
Скопје, Македонија Македонија
Националностмакедонка
Занимањеновинарка и преведувач

Неда Бакевска Виљалба (Скопје, 5 октомври 1974Скопје, 20 декември 2015; во медиумите нејзиното второ презиме погрешно се употребува како „Виллалба“) — македонска новинарка и преведувач.

Животопис[уреди | уреди извор]

Бакевска е родена во Скопје на 5 октомври 1974 година во семејството на македонскиот писател Петре Бакевски. Во Скопје ги завршила основното и средното образование. Дипломирала на Филолошкиот факултет на групата за македонска и јужнословенски книжевности, со англиски и француски јазик и литература. Во 2001 година магистрирала комуникологија на Институтот за политичко-правни студии, одбранувајќи ја тезата насловена: „Пренесување на значењето на културното наследство на наоѓалиштето „Кокино“ преку документарните телевизиски програми“. Во периодот 2001-2002 година била на студиски престој во САД, на програмата за професионален развој на новинари. Од 1998 година работела во книгоиздателството „Култура“ а од 2000 година се вработила во телевизијата Телма како новинарка. Бакевска била уредник и преведувач на книжевни дела од англиски јазик. Починала во Скопје на 20 декември 2015 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]